КАФЕ ПАУЗА

4 причини, инспирирани од убавината, зошто водата е вашиот најдобар пријател

Поголемиот дел од луѓето кои пијат многу вода за време на летото знаат дека таа е многу важна кога температурите се високи, но не знаат дека треба да продолжат со истото темпо и кога ќе дојде зимата, па не пијат доволно вода и со тоа си создаваат проблеми. Ако помагањето на вашето тело да функционира оптимално, како и спречувањето на главоболките не ви се доволна причина, тогаш погледнете ги следниве 4 причини кои се инспирирани од убавината и кои ќе ве натераат да пиете вода поредовно.rnrn4 причини, инспирирани од убавината, зошто водата е вашиот најдобар пријателrn

1. Поубава кожа

rnЗаборавете на скапите креми и третмани, бидејќи водата е најдоброто нешто кое можете да го направите за вашата кожа. Ако пиете повеќе и поредовно, вашата кожа ќе изгледа млада и сјајна во текот на целата година. Соодветната хидратација овозможува секој систем да работи подобро, вклучувајќи ја и кожата. Со пиењето вода вие се погрижувате сите хранливи материи да се пренесат до клетките како и да се одржуваат хидрирани, резултирајќи со поцврста кожа.rn

2. Намален апетит

rnПиењето вода пред оброк може да ви помогне да јадете помалку, бидејќи понекогаш телото погрешно го идентификува гладот како жед. Всушност, студиите откриле дека оние луѓе кои редовно пијат повеќе вода, исто така и консумираат помалку калории во текот на денот. Ова е одлична техника за оние кои имаат тенденција да се прејадуваат кога им е здодевно.rn

3. Рамен стомак

rnВашиот стомак нема да се дуе ако не јадете солена храна и млечни производи, но еден од најдобрите начини да го спречите задржувањето на водата во областа на стомакот е доколку пиете многу вода. Можеби не ви звучи логично, но со пиењето многу вода и со одржувањето на вашето тело хидрирано ќе го одржувате и вашиот стомак рамен.rn

4. Подобрен метаболизам

rnСигурно веќе знаете дека за најдобри резултати, треба да пиете вода пред, за време на и после вежбањето, но дали сте знаеле и дека самата вода помага при согорувањето на калориите? Една студија покажала дека оние луѓе кои пиеле до 12 чаши вода дневно согорувале многу повеќе калории од оние кои пиеле само 4.