Автор: Ема ЈакимовскаrnrnБез разлика која е вашата задача за денес, примената на следните совети гарантирано ќе ви ја зголеми продуктивноста. И доколку сте од оние кои ги мрзи да го прочитаат целиот текст, тогаш прочитајте ја барем првата точка.rnrn
rn
Не одложувајте ја работата за подоцна, туку веднаш започнете
rnОвој феномен во психологијата е познат како Зејгарников ефект. Мозокот испраќа позитивни сигнали до свесниот ум кога нешто сме започнале, а не сме го завршиле. Блума Зејгарник била првиот психолог, кој ја основал теоријата дека за луѓето природно е да го завршат она што го започнале, поради дисонанцата што ја чувствуваат кога нешто ќе започнат, а нема да го завршат.rnrnВо 1992-та година ваквата теорија била докажана. Забележани биле чувства на неудобност, кои единствено можеле да се прекинат со завршување на дадената задача. Со други зборови, иако понекогаш некои задачи знаат да бидат истоштувачки, мозокот е природно предодреден да нè води кон завршување на она што е започнато.rn
Заборавете на мултитаскингот
rnЛуѓето не се способни за мултитаскинг. Вистинскиот мултитаскинг, што значи правење повеќе нешта истовремено, е мит. Доколку сакате одредена задача да ја завршите како што треба, треба да престанете со мултитаскингот и да го фокусирате мозокот единствено на она што во моментот е најважно да се заврши.rn
Волјата е ограничен извор, користете го разумно
rnПостои еден специфичен вид умствен замор, кој се однесува на немањето доволно волја да се исполнат сите задачи. Во еден експеримент, психологот Баумајстер, им наредил на испитаниците, пред да извршат некоја тешка умствена работа да земат или да се воздржат од јадење на чоколадни колачиња. Резултатите покажале дека оние кои требале се воздржат, потрошиле многу повеќе волја, и како резултат на тоа полошо ги завршиле умствените задачи. Така што, доколку вложувате максимален напор од задача во задача, запомнете дека само станувате помалку и помалку продуктивни, затоа внимавајте како си ја распределувате волјата.rnrn
rn
Исполнувајте мали, едноставни задачи
rnКога работите на некоја тешка задача, добро е малку да се одморате преку некои други активности, како чистење на собата или проверување на Фејсбук-профилот. Ваквите мали незначајни задачи ќе ви дадат чувство на некакво достигнување, што пак ќе ве мотивира да ја завршите главната задача која веќе сте ја започнале. Мозочната активност подоцна ќе ви се зголеми и ќе имате енергија за она што вистински треба да го исполните.rn
Помали задачи – поголема концентрација
rnЗа најдобри работници се сметаат оние кои ги извршуваат тешките задачи, поделени на поситни делови, но со многу поголема концентрација. Ако потрошите повеќе време на работа, не значи и дека задачата ќе биде подобро сработена. Затоа, паузите се многу важни за поефективно работење. И како што кажавме и претходно, волјата е ограничена категорија, која треба да се насочи правилно и разумно. Затоа, не поминувајте по цели денови во пишување есеј или учење за испит, бидејќи во периодите кога сте одморени и полни со концентрација, дадената задача ќе ја завршите многу побрзо и полесно.rn
Направете листа со остварливи цели
rnПри правењето на ваква листа, важно е поставените цели да бидат реално остварливи. Преамбициозните цели, може да направат да се чувствувате како губитник, па наместо да се раководите по нив, избришете ги и почнете со некои кои навистина може да ги исполните и кои ќе ви ја вратат самодовербата.rn
Добриот сон ја враќа енергијата
rnСамиот чин на спиење може повторно да го активира и организира научениот материјал, што пак влијае врз самата меморија и целокупниот ефект. Одморањето и опуштањето ја зголемуваат продуктивноста и ви овозможуваат да имате висока концентрација при извршување на кратките поставени задачи, споменати погоре.rnrn
rn
Вежбајте
rnДобрата подготовка и вежбањето се особено битни за напредок и успешно завршување на дадена задача или пак при стекнување нова вештина. Една американска студија покажува дека успехот на бендот Битлси се должи на 10-те илјади часови поминати во вежбање. Ниедна вештина не е толку неважна, за да не можете да одвоите време за добро да ја извежбате. Затоа, одвојте си некој дел од денот за таква активност и чувствувајте како станувате сè подобри и подобри.rnrnИ за крај, што и да правите, верувајте, останете разумни и дадете сè од себе, бидејќи не постои краток пат до успехот!rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.