КАФЕ ПАУЗА

Новогодишни ритуали за среќа и напредок

Written by

in

,

Во зависност во кој дел од светот живеете, секој си има своја традиција за прославување на Новата година. Некои носат одредена боја која сметаат дека им носи среќа, други го гледаат изгрејсонцето, а некои пак ја анализираат минатата година и ја планираат онаа која е пред нив. Ова се само дел од работите кои привлекуваат среќа и позитивна енергија во вашиот живот. Многу луѓе имаат разни верувања и ритуали кои ги практикуваат, па погледнете некои од најпознатите.rnrnnovogodishni-rituali-za-srekja-i-napredok-kafepauza.mkrnrnБакнете некој кој ви е драг на полноќ, тоа ќе ви обезбеди среќа, хармонија и напредок во следните 12 месеци. Ако сте сами на полноќ, можете да го бакнете и вашиот домашен миленик. Никој не треба да плаче или да биде тажен бидејќи тоа привлекува лоша среќа. Обидете се да бидете што е можно посреќни и оптимистични.rnrnНемојте да позајмувате пари или скапоцени предмети. Ако го направите тоа, значи дека цела година ќе исплаќате пари. Наполнете го паричникот со пари бидејќи тоа ќе ви донесе богатство.rnrnСе верува дека ако на полноќ изедете 12 зрна грозје кои ќе ги симболизираат 12-те месеци, во текот на целата година ќе имате среќа и богатство. Ако пак изедете јаболко со мед, во вашиот живот цела година ќе владее хармонија.rnrnЧистењето на нередот и фрлањето на сите непотребни работи е ритуал кон кој се придружуваат многумина. Темелното чистење на домот е препорачливо за да се ослободите од негативната, и да ја привлечете позитивната енергија. Некои луѓе ги фрлаат старите метли и ги заменуваат со нови. Ова е симбол за чистење на прашината од старата година. Исто така на полноќ можете да ја отворите вратата од домот за да ѝ дозволите на негативноста да излезе.rnrnХраната е дел од сите новогодишни прослави. Низ целиот свет се подготвуваат разни видови храна само за Нова година. Некои луѓе приготвуваат новогодишни колачи кои претставуваат монети кои би требало да донесат среќа и напредок. Препорачливо е да го тргнете остриот прибор за сечење бидејќи овие предмети можат да ја „исечат“ вашата среќа.rnrnМногумина ја дочекуваат Новата година со семејни молитви за благодарност и љубов. Молитвите се кажани од срце и со надеж дека ќе бидат слушнати.rnrnПлатете ги сите сметки и долгови за да не ја почнете годината задолжени. На овој начин ќе се ослободите од проблемите од минатото. Доколку не сте во можност да исплатите сè, доволно е и некоја симболична сума како знак за позитивна акција.rnrnПогледнете ги и овие интересни новогодишни ритуали за среќа и љубов.