КАФЕ ПАУЗА

4 одлични подкасти за женското здравје

4 одлични подкасти за женското здравје

Нашата цел е да направиме сите да се чувствуваат подобро и поздраво, затоа подготвивме неколку подкасти кои се насочени кон физичкото и менталното здравје на жените. Интересните теми и стручните водичи несомнено ќе ја отворат вратата кон светот на медитацијата, здравата исхрана, вежбањето. Погледнете ја листата што следи и научете нешто ново за себе!rnrn4 одлични подкасти за женското здравјеrn

1. Feel Good

rnОвој подкаст е идеален за оние кои сакаат да имаат повеќе енергија или да научат да се справуваат со проблеми со фокус на работата. Водител е познатата авторка Кимберли Снајдер, која ги охрабрува жените да ја изразат својата природна и внатрешна убавина. Со интервјуа од врвни експерти за здравје секоја епизода навистина е поучна.rn

2. Birthday Skin

rnАко сакате да се грижите за вашата кожа, овој подкаст треба да биде на вашата листа. Ејми Вол и Чарли Пери емитуваат програма од Манчестер и разговараат за митовите што владеат со оваа индустрија, преку неколку забавни разговори со експерти.rn

3. Fempower Health

rnОвој подкаст истражува важни, честопати погрешно разбрани, па дури и непознати области од здравјето на жените за да ви ги обезбеди најдобрите информации, овозможувајќи ви да имате поинформирани и попродуктивни разговори со вашите здравствени работници.rn

4. Move your DNA

rnВодителката Кети Боуман, биомеханичар и автор, ги учи слушателите на овој подкаст за важноста на движењето и како тоа влијае на целокупното здравје. Користејќи практични совети засновани на истражување, Боуман ги охрабрува сите да „започнат“ на различни начини, од правилно дишење, спиење, до градинарство, менување на начини на размислување и набљудување на околината.rnrnПогледнете ги овие неколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате.