4 чекори во мејкап рутината кои ги менуваме со доаѓањето на дождливата сезона

Сподели

Ветерот што одвреме-навреме се појавува, па носи и малку дожд со себе, јасно ни покажува дека летото е на самиот крај и дека ни доаѓа есента. За некого таа е омилено годишно време, а за некого не. Она што е сигурно за сите е дека таа со себе носи одредени промени. Овие промени се поврзани со она што го носиме, како и со нашата индивидуална бјути рутина. Тоа е така бидејќи нашата кожа бара поразлична нега и посетеност отколку во текот на летото. А, каде што е негуваната кожа, таму е и шминката, па погледнете кои промени се случуваат во текот на дождливата сезона.

Реклама

rn

1. Лесна база

rnВо текот на есента и дождливите денови, како и во зимата, на кожата ѝ е потребна дополнителна нега и доста хидратација, бидејќи таквото време неповолно ѝ влијае и ѝ предизвикува сушење. Не би требало да ја оптоварувате кожата со премногу „тешка“ шминка, па наместо прајмер и силна пудра, најдобро е да изберете некои лесни производи кои на вашата кожа ќе ѝ дадат свеж изглед и изедначен тен. Поточно, изберете лесни бази кои ќе ги средат сите оние неправилности кои се создаваат во текот на летниот период. Најдобра опција за дождливата сезона се ББ, ЦЦ и сличните тонирани креми кои освен послабата покривна моќ, имаат и својство да ја негуваат кожата.rn

Реклама

2. Кремасти производи

rnДоколку сакате вашата шминка да изгледа убаво и свежо, тогаш поголемиот дел од вашите производи нека бидат кремасти. Летото бара повеќе песокливи, „суви“ производи, за да го спречите сјаењето на кожата, додека сето ова се менува во текот на студените, дождливи денови, бидејќи е потребна дополнителна нега. Кремасти производи за контурирање, кремаст хајлајтер, можеби и малку руменило ќе бидат одличен начин за да постигнете совршен изглед во текот на целиот ден.

rn

3. Водоотпорна шминка

rnСите ние знаеме дека кога девојката ќе заплаче во филмот, маскарата започнува да се слева низ лицето. Да, но тоа не е само во филмовите, туку и во вистинскиот живот. Но, за да не ви се случи ова и во текот на дождливите денови, кога некоја капка вода случајно ќе се најде на вашето лице, изберете водоотпорната шминка која ќе го спречи секое размачкување и неуредниот изглед.rn

Реклама

4. Користете спреј за матирање на лицето

rnКога не сакате да се шминкате или едноставно немате време за тоа, сѐ што можете да направите е да нанесете некоја хидратнатна крема, а потоа лицето да го напрскате со спреј што служи за матирање на лицето, односно за зацврстување на шминка за да не се „мрда“ подолг временски период со цел да биде постојана. На тој начин вашата кожа ќе добие мат ефект, но природен мат ефект, односно нема дополнително да се измрси од кремата, но и тенот малку ќе се изедначи.

Доколку барате некоја идеја за модерна есенска шминка, тогаш освежете ја вашата шминка со најатрактивните бои на есента.

Најново

Може ќе ве интересира