За време на домашниот карантин додека трае пандемијата на коронавирусот, може да биде тешко да се поврзете со партнерот. Како можете да го спасите вашиот брак од влијанието на оваа стресна ситуација? Многу активности во кои уживате се откажани, па оваа новонастаната ситуација е предизвик за многу работи, вклучувајќи ги врската и бракот. Овие 6 активности може да ви помогнат да се зближите со партнерот додека сте дома и можеби ќе ја разгорат страста за време на пандемијата.rnrn
rn
1. Направете фотоалбум
rnГледањето слики од времето кога сте се запознале може да ги разбуди старите чувства. Тоа може да ве поврзе, а креирањето фотоалбум може да предизвика прекрасно чувство и да ве потсетува на вашата поврзаност секој пат кога ќе ги погледнете фотографиите.rn
2. Средете една просторија или средете го плакарот
rnЦелта на средувањето е да ги соберете сите предмети и да поминете низ нив, еден по еден и да се запрашате: „Дали ова предизвикува радост во мене?“rnrnОваа активност може да биде подмладувачко искуство за двајцата. Изберете една просторија или дел од домот каде што чувате заеднички работи. Не средувајте го плакарот каде што има само ваши работи бидејќи тоа треба да го средите сами. Но, плакарот во кој имате заеднички работи можеби ќе предизвика разговори за тоа какво значење имаат тие предмети за вас и дали можете да се ослободите од нив или не.rn
3. Пограјте си со сексуалното наговестување
rnСексуалното наговестување претставува коментар кој има двојно значење што алудира на секс или на нешто сензуално.rnrnОва може да бидат особено забавно кога имате деца дома и треба да се потрудите малку повеќе за вашите сексуални коментари да бидат помалку очигледни.rnrnДодека нивото на стрес во светот се зголемува, треба да најдете начин како да се опуштите со партнерот. Играјте со него користејќи зборови.rn
4. Гответе заедно
rnГотвењето е прекрасен начин да бидете креативни и сензуални. Бидејќи најголем дел од денот сте дома, размислете за готвење на некое посложено јадење, нешто што ќе го готвите цел ден.rnrnТоа не мора да биде скап оброк, па наместо да користите готов сос, можете да го направите сами.rnrnНа овој начин, ќе се поврзете со партнерот уште повеќе бидејќи повеќето парови најчесто практикуваат да ги поделат обврските и секој сам да ја заврши својата работа.rn
5. Гледајте филм што сте го гледале на некоја од вашите први средби
rnПотсетете се на времето кога бевте повеќе поврзани и гледајте филм што сте го гледале на почетокот на вашата врска. Земете пуканки, ќебе и гледајте го филмот заедно со партнерот.rnrnНа овој начин ќе се потсетите каква била вашата врска кога првпат го гледавте тој филм заедно, па можеби ќе почнете да разговарате за тоа што се променило кај вас, која е причината што сте оддалечени и што можете да направите за повторно да се зближите.rn
6. Играјте „Монопол“, „Не лути се човече“ или сложувалки
rnМонополот е игра што може да потрае подолго време. Целта е да поминете повеќе време заедно со партнерот. Но, ако сте чувствителни кога губите, овие игри можеби не се за вас.rnrnИграта не треба да заврши со расправија и целта не е да се натпреварувате со партнерот, туку да играте и да поминете повеќе време заедно.rnrnПогледнете до кои правила треба да се придржувате ако сакате да имате успешна врска.