КАФЕ ПАУЗА

36 прашања до посилна врска

36 прашања до посилна врска

Д-р Артур Арон, професор по психологија на универзитетот Стоуни Брук во САД и специјалист по меѓучовечки односи издвојува 36 прашања кои помагаат да се изгради посилна врска. Тој вели дека откако ќе дискутираат за некои од овие прашања, личностите потоа се чувствуваат подобро и сакаат да се видат повторно.rnrn36 прашања до посилна врскаrn

    rn011

  1. Ако можеш да избереш која било личност на светот, кого би одбрал/а да ти дојде на гости?
  2. rn011

  3. Сакаш ли да бидеш славен/на? На кој начин?
  4. rn011

  5. Дали размислуваш што точно ќе кажеш пред да се јавиш на телефон? Зошто?
  6. rn011

  7. Каков би бил твојот совршен ден?
  8. rn011

  9. Кога последен пат пееше сам/а? А на некој друг?
  10. rn011

  11. Кога би можел/а да живееш 90 години и во последните 60 да имаш ум или тело на 30-годишник, кој би бил твојот избор?
  12. rn011

  13. Дали потајно размислуваш за тоа како ќе умреш?
  14. rn011

  15. Наброј 3 нешта кои ви се заеднички со партнерот.
  16. rn011

  17. За што си најмногу благодарен/на во животот?
  18. rn011

  19. Кога би можел/а да смениш нешто во начинот на кој те воспитувале, што би сменил/а?
  20. rn011

  21. Опиши му ја твојата животна приказна на партнерот колку што можеш подетално во 4 минути.
  22. rn011

  23. Кога би можел/а да се разбудиш утре со некој нов квалитет или способност, што би било тоа?
  24. rn011

  25. Ако кристална топка би можела да ти каже нешто за твоето минато, за твојот живот, за твојата иднина или што било друго, што најмногу би сакал/а да знаеш?
  26. rn011

  27. Има ли нешто за кое одамна мечтаеш да го направиш? Зошто сѐ уште не си го направил/а?
  28. rn011

  29. Кое е најголемото достигнување во твојот живот?
  30. rn011

  31. Што цениш најмногу во пријателството?
  32. rn011

  33. Кој е твојот најдраг спомен?
  34. rn011

  35. Кој е твојот најужасен спомен?
  36. rn011

  37. Кога би знаел/а дека во рок од една година ненадејно ќе умреш, би сменил/а ли нешто во начинот на живот? Зошто?
  38. rn011

  39. Што значи пријателството за тебе?
  40. rn011

  41. Каква улога имаат љубовта и блискоста во твојот живот?
  42. rn011

  43. Со партнерот наизменично кажувајте по една позитивна работа која ја гледате кај него. Кажете си по вкупно 5 работи.
  44. rn011

  45. Колку блискост и топлина има во твоето семејство? Дали чувствуваш дека си имал/а посреќно детство од повеќето други деца?
  46. rn011

  47. Каков е твојот однос со мајка ти?
  48. rn011

  49. Кажи по 3 „ние“ реченици. На пример, „Ние чувствуваме…“
  50. rn011

  51. Доврши ја реченицата: „Посакувам да имав некого со кого би делел/а…“
  52. rn011

  53. Кажи му го на партнерот она што би сакал/а да го знае кога би биле блиски пријатели со него/неа.
  54. rn011

  55. Кажи му на партнерот што ти се допаѓа кај него/неа. Кажувај само работи кои не би му ги кажал/а некому кого си го сретнал/а пред 5 минути.
  56. rn011

  57. Со партнерот споделете некој момент од кој се срамите.
  58. rn011

  59. Кога последен пат си плачел/а пред некој друг? А сам/а?
  60. rn011

  61. Кажи му на партнерот нешто што почнало да ти се допаѓа кај него/неа.
  62. rn011

  63. Според тебе, која тема е премногу сериозна за да би се шегувале во врска со тоа?
  64. rn011

  65. Ако знаеше дека ќе умреш вечерва без никаква можност да комуницираш со кого било, дали би се каел/а затоа што не си кажал/а некому нешто? Зошто досега не си му/ѝ го кажал/а тоа?
  66. rn011

  67. Твојата куќа, и сè што имаш во неа, ја зафатил пожар. Откако си ги спасил/а твоите блиски и домашните миленичиња и имаш една последна можност да спасиш уште нешто, што би било тоа? Зошто?
  68. rn011

  69. Од сите членови на твоето семејство, чија смрт најмногу би те вознемирила? Зошто?
  70. rn011

  71. Кажи му на партнерот за некој твој личен проблем и побарај совет како тој/таа би се справил со него.
  72. rn