Ако редовно се шминкате, ќе бидете изненадени кога ќе откриете во кои ситуации може да биде многу корисно сето тоа што имате во вашиот несесер. Козметичките производи што нормално ги користите за нега или за разубавување може да биде корисни во голем број други секојдневни ситуации.rnrn
rn
1. Пастата за заби ќе ја исчисти пеглата
rnАко на вашата пегла има траги од ткаенина, исчистете ја со паста за заби за да не ја извалкате облеката. Ставете малку паста за заби на ладната пегла, потоа исполирајте ја и ќе биде како нова.rn
2. Лосионот за тело ја негува кожената чанта
rnКожената облека и кожените чанти треба да се навлажнуваат, односно да се хранат одвреме-навреме ако сакате да траат подолго. Постојат многу производи што се наменети токму за тоа, но ако ги немате при рака, можете да користите лосион за тело или хидратантен крем што не содржат алкохол бидејќи може да ја нагризат кожата.rn
3. Шампонот и балсамот за коса ќе ги исчистат четките за шминка
rnЗа да го задржите квалитетот на четките за шминка, мора да ги третирате како што ја третирате сопствена коса. Измијте ги со шампон и со балсам за коса. Така ќе ги исчистите и ќе останат меки уште долго време. Се разбира, ова се однесува само на четките од природни влакна.rn
4. Лакот за нокти може да го спречи паѓањето на копчето
rnАко мора итно да се подготвите за да излезете, а копчињата од кошулата висат, можете да ги зацврстите со лак за нокти. Ставете капка лак за нокти на конецот и така ќе го залепите копчето на кошулата.rn
5. Вазелинот ги поправа испуканите врвови на косата
rnКога имате испукани врвови, косата слабее и тешко ќе да ја постигнете саканата должина. Во таква ситуација, нанесете вазелин на врвовите и почекајте еден час, а потоа измијте ја косата. Не само што ќе има видлив резултат веднаш, туку и вашата коса ќе сјае ако продолжите да го правите тоа често.rn
6. Сенката за очи може да се користи како лак за нокти
rnЕдноставно нанесете ја на лакираните нокти, а потоа нанесете уште еден слој лак за да добиете убав ефект на омбре или измешајте ја со безбоен лак за нокти за да добиете нова боја.rn
7. Балсамот за усни ги отстранува прстените
rnАко не можете да го отстраните прстенот, користете балсам за усни. Само тријте го на прстот, околу прстенот и ќе го отстраните без никакви проблеми.rn
8. Пудрата е замена за сувиот шампон
rnАко немате сув шампон при рака, можете целосно да импровизирате со употреба на пудра во прав. Резултатот е речиси ист.rn
9. Отстранете го лепилото со употреба на ацетон
rnКолку пати неуспешно сте се обиделе да одвоите некој предмет залепен со лепило? Во иднина, само нанесете отстранувач на лак за нокти, по што ќе можете лесно да го одвоите.rn
10. Кремот за сончање ги отстранува дамките од маркер
rnОва е многу корисен трик за сите родители: ако вашето дете е уметник и сака да црта со маркери, трагите ќе ги отстраните со крем за сончање. Можете да користите и крем со поминат рок.rn
11. Шампонот помага против замагленото огледало
rnСтавете малку шампон на хартиена крпа и избришете го огледалото. Ова ќе спречи да биде замаглено по туширањето.rn
12. Ставете дезодоранс во плакарот за да ја отстраните непријатната миризба
rnПлакарите што се затворени подолго време и без вентилација имаат чуден мирис. Обидете се да го решите ова оставајќи отворен дезодоранс стик за да има пријатен мирис што ќе трае некое време.rn
13. Четката од маскарата е добра за пилинг на усните
rnИсчистете ја четката од старата маскара и нанесете малку шеќер и маслиново масло на усните и тријте ги со четката. Усните ќе бидат црвени и здрави и без сува кожа.rn
14. Кремот за бричење го решава чкрипењето на вратите
rnАко вашата врата почне да чкрипи, нанесете малку крем за бричење. Тоа ќе ви помогне да исчезнат досадните и непријатни звуци.rn
15. Фенот за коса е решение за вдлабнатината на автомобилот
rnВдлабнатината на автомобилот можете да ја средите со фен за коса. Прво, добро загрејте го делот каде што е вдлабнатината и потоа веднаш нанесете коцки мраз. Температурните разлики може да го вратат автомобилот во првобитната форма.rnrnПогледнете ги и овие феноменални трикови како да ја искористите старата козметика.