Кога ќе се најдете во друштво на харизматична личност, вие едноставно чувствувате дека таа има некоја моќ и магнетски го привлекува вашето внимание. За такви личности обично велиме „има нешто во нив“ и тоа ги привлекува луѓето да ги слушаат и следат.rnrn
rnrnВо астрологијата јасно се препознава дека харизмата е поврзана со аспектите на Плутон, но и на Сатурн и Уран. Харизматична личност може да биде родена во кој било астролошки знак, доколку има силни аспекти со овие планети.rnrnОвенот привлекува нагло, брзо и по малку сурово, но неговата харизма е едноставна, скоро наивна. Тие можат да ве влечат кон една цел и без таинственост да се стремат кон истата.rnrnБиковите им се харизматични на другите, пред сè бидејќи нудат чувство на сигурност, а тоа ги врзува луѓето.rnrnХаризматичните близнаци се фантастични говорници кои потполно ќе ве окупираат со своите говорнички способности, така што ќе се претворите во покорен слушател, а потоа и во обожавател.rnrnРаковите се секогаш омилени во друштво, бидејќи Месечината е нивни владар. Таа популарност не мора нужно да биде поврзана со харизма. Личностите родени во овој знак се полни со разбирање за другите луѓе.rnrnЛавовите обожуваат луѓето да им се восхитуваат, па својата харизма најчесто ја користат за да го добијат нивното внимание и одобрување. Умеат да бидат напорни личности кои внимателно го одмеруваат секој свој потег, па потоа согледуваат каков ефект предизвикале кај другите.rnrnДевиците кои имаат харизматичен аспект добро ги подготвуваат своите настапи, проучувајќи го секој детаљ и пазејќи на секоја ситница. Тие се добро организирани, а привлекуваат со шарм.rnrnВагите се толку фини, што нивната харизма секогаш е поврзана со убавината или дипломатијата. Доколку станат свесни за својата привлечност, тие ќе ја користат на многу мудар начин, а за да привлечат внимание најчесто е доволно само да се насмевнат.rnrnСкорпиите се класичен пример на харизматична личност која привлекува на таинствен начин. Нив не им паѓа на памет да откријат што имаат на ум. За нивната околина не е добро ако се деструктивни личности, бидејќи тешко ќе можат да се справат со таа разорна природа.rnrnХаризматичниот стрелец е спонтана душа која со својот спонтан настап го привлекува вниманието на другите. Во негово присуство не чувствувате никаква тензија бидејќи е пријатен и пријателски настроен соговорник.rnrnЈарецот е исто така помеѓу знаците кои имаат силна харизма, пред која останувате без здив и покорно ја следите. Во овој случај Сатурн не остава друга можност.rnrnВодолиите поседуваат харизма која делува по принципот на магнет. Во односите со луѓето се топло-студени, збунуваат, но и привлекуваат, не можете да ги сфатите, па уште повеќе ве привлекуваат за да разберете за што всушност станува збор. Тоа е космичка харизма која е навистина тешко да се објасни.rnrnРибите кои се харизматични вообичаено делуваат по принципот на заведување, убавина, заслепеност со некоја таинствен, но неодоливо привлечен внатрешен свет со кој зрачат. Ова е харизма на опиеност и измама со која владее Нептун.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
