КАФЕ ПАУЗА

3 токсични начини на кои родителите ги претвораат децата во нарциси

3 токсични начини на кои родителите ги претвораат децата во нарциси

Кога ќе се спомне нарцисоидна личност, најверојатно размислувате за некој возрасен. Нарцисоидните луѓе имаат надуено чувство за својата важност и им треба восхит од другите. Но, за навистина да разберете од каде потекнува таквото нарушување на личноста, мора да го разгледате развојот на детството. Децата се подложни на разни влијанија додека ја развиваат својата личност, а во тој период, тие се најчесто опкружени со родителите. Начинот на кој родителите ги третираат своите деца влијае на личноста на тоа дете во зрелоста. Прочитајте кои грешки во раниот детски развој може да предизвикаат нарцисоидно нарушување на личноста. Постојат три вообичаени сценарија:rnrn3 токсични начини на кои родители ги претвораат децата во нарцисиrn

Сценарио 1: Родителски вредности

rnВо оваа ситуација, детето расте во семејство со голем натпреварувачки дух и се наградуваат само високите достигнувања. Мотото на таквото семејство е: „Ако не можете да бидете најдобри, зошто се трудите?“rnrnЉубовта е условена: ако победите во некој натпревар или ако добиете некаква награда, ќе бидете опсипани со пофалби и со внимание. Ако не постигнете ништо, вие сте разочарување.rnrnДецата во овие семејства не чувствуваат постојана љубов. За нив е тешко да уживаат во нешто ако тоа не им носи некаков статус. Тие се чувствуваат сигурно и вредно само кога се успешни и препознаени како „најдобрите“. Ова ќе ве натера цел живот да трагате по успех и да го измешате со среќата.rn

Сценарио 2: Обезвреднување на нарцисоиден родител

rnВо ова сценарио, едниот родител постојано ги омаловажува достигнувањата на детето. Родителот е најчесто раздразлив, лесно се лути и има нереално високи очекувања.rnrnАко има две или повеќе деца, родителот ќе фали едно дете, а ќе ги девалвира другите. „Доброто“ дете може брзо да стане „лошо“ и одеднаш друго дете станува „најдобро“. Никој во семејството не се чувствува сигурно и секој го поминува своето време обидувајќи се да го смири експлозивниот нарцисоиден родител.rnrnСо другиот родител честопати постапува исто како со децата и тој е омаловажуван, особено кога не се согласува со него.rnrnДецата кои растат во вакво семејство се чувствуваат понижени. Понатаму во живот, тие честопати се обидуваат да докажат пред себеси, пред светот и пред родителот дека се посебни и дека нивниот родител не бил во право. Да се докажат дека се посебни им станува доживотна мисија, но внатре во нив постои остар внатрешен глас кој ја критикува секоја грешка, без разлика колку е мала.rn

Сценарио 3: „Златното дете“

rnОвие родители обично се фалат за своето исклучително талентирано дете. Детето навистина е талентирано и заслужува пофалби, но родителите понекогаш ја претеруваат.rnrnПонекогаш, детето се чувствува засрамено од прекумерните пофалби и се чувствува оптоварено со оваа улога.rnrnПогледнете ги овие 8 методи на воспитување што ги користат родителите на успешните деца.