КАФЕ ПАУЗА

7 знаци дека бегате од вашите чувства само затоа што претходно сте биле повредени

Ако сте како повеќето луѓе на оваа планета, тогаш големи се шансите да имате барем едно болно раскинување зад вас. Различни луѓе различно се справуваат со ова непријатно искуство, барајќи го најдобриот начин за себе да продолжат понатаму. Но, постојат и луѓе кои едноставно ги саботираат своите идни емоции од страв да не поминат повторно низ истото. Дали и вие спаѓате во оваа група луѓе?rnrn7 знаци дека бегате од вашите чувства само затоа што претходно сте биле повредениrn

1. Ретко кога отворено признавате чувства

rnКога вашите најдобри пријатели ќе ве прашаат како се чувствувате за личноста со која моментално сте во врска, вие секогаш одбегнувате да дадете директен одговор бидејќи верувате дека истиот момент кога ќе признаете дека тој/таа ви се допаѓа, сè ќе почне да се распаѓа. Крајот на вашата претходна врска не треба да биде причина за страв од следната.rn

2. Кога ќе развиете чувства кон некого, вие се обидувате да најдете што не е во ред со него/неа

rnАко не гледате вистински и очигледни знаци, тогаш големи се шансите дека двоумењето кое го чувствувате е производ на вашата фантазија. Ако нешто навистина не е во ред, вие ќе можете лесно да го препознаете тоа, насочувајќи се себеси во спротивната насока. Но, ако бегате само затоа што се плашите дека тој/таа се одлични за вас, тогаш ги избегнувате вашите чувства.rn

3. Им велите на луѓето дека не барате врска

rnОсобено на оние со кои се гледате. Вие им го кажувате овој факт дури и пред моментот тие да помислат на нешто повеќе со вас, па токму затоа и најчесто не ве сфаќаат сериозно. Можеби навистина не сакате врска, но доколку запознаете личност која барем малку ве тера да се замислите за спротивното, тогаш би требало подобро да размислите за вашиот став.rn

4. Постојано излегувате со луѓе за кои не сте ни заинтересирани

rnАко немате интерес, тогаш нема ни да се приврзете. Со овие луѓе многу е лесно да се збогувате и да продолжите понатаму. Ако почнете да развивате чувства, тогаш збогувањето почнува да изгледа како отсуство, а не како едноставно разделување. Но, тоа што мора да го сфатите е дека не секоја личност која влегува во вашиот живот ќе ве напушти како претходната.rn

5. Вие сакате можностите да ви бидат отворени

rnНа овој начин, со други зборови, вие кажувате дека сте премногу исплашени да се предадете на само една личност. Тоа не е затоа што сметате дека сте премногу добри за него или неа, туку затоа што се плашите дека со тек на време ќе бидете несреќни без нив. Вие уште од старт ја осудувате оваа врска на пропаст, без воопшто да ѝ дадете шанса.rn

6. Ако нештата помеѓу вас не успеат, вие глумите дека не сте ни имале чувства

rnНе се залажувајте, вие навистина уживавте во времето поминато со оваа личност, па токму затоа и нема потреба да глумите дека никогаш не сте биле вистински заинтересирани. Едноставно погледнете на ова како на позитивно искуство кое ќе го чувате во вашето сеќавање и продолжете понатаму со вашата потрага.rn

7. Вие на некој начин сте „алергични“ на нивните емоции

rnАко личноста со која моментално се гледате ви признае дека развива чувства за вас, вие правите сè што е во ваша моќ да ја саботирате оваа врска. Не се плашете од комуникацијата, постојат илјадници луѓе кои повеќе од сè останато посакуваат нивниот партнер да им ги признае своите чувства. Ценете го тоа што го имате и вложете се малку и вие во оваа врска. Би се изненадиле од тоа што би можеле да го постигнете.