Во последниве неколку години, сè повеќе жени обрнуваат повеќе внимание на своите веѓи. Дел од нив имаат природно убаво насликани веѓи, додека пак останатите имаат потреба да ги обликуваат, цртаат, шминкаат или тетовираат. Но, кои дами се најчесто инспирација за стилизирањето на веѓите? И кои од нив вам најмногу ви се допаѓаат?rn
1. Кара Делавињ
rn
rnrnНејзиното присуство на оваа листа не треба да дојде како изненадување, бидејќи таа е позната токму поради своите густи и доминантни веѓи. Кара беше една од првите познати дами кои го воведоа овој тренд и целосно ги сменија стандардите за убавина.rn
2. Џиџи Хадид
rn
rnrnОваа убавица посветува големо внимание на негување на своето лице, па токму затоа и нејзините веѓи постојано изгледаат беспрекорно. Тие се едноставно како декорација на нејзиното лице, правејќи ѝ го уште поубаво од претходно.rn
3. Ема Вотсон
rn
rnrnМладата актерка често може да биде забележана без шминка, па токму затоа и нејзините природни веѓи уште повеќе доаѓаат до израз. Па, доколку барате веѓи кои ќе изгледаат природно, но и средено, тогаш нејзините без сомнение се најдобриот избор.