КАФЕ ПАУЗА

3-те особини што ги делат сите посакувани жени со висок сексапил

Иако вашиот физички изглед е тоа што може да ве направи привлечни на прв поглед, ако сакате некому да му се допаднете мора да имате и „подлабоки“ квалитети кои се кријат веднаш под вашата убава површина. Со цел да го задржите вниманието на личноста што ви се допаѓа и да го натерате да се заинтересира за вас на подолг рок, мора да ги поседувате следниве квалитети кои се основата за харизма и шарм…rnrnrn

1. Добра смисла за хумор

rnНа скоро сите нас, добрата смисла за хумор ни се наоѓа највисоко на листата со пожелни особини. Токму затоа и не плашете се да ја покажете својата духовна страна, ако сакате партнерот навистина да се заинтересира за вас. Зарем има нешто подобро од шеги и смеи после долгиот и напорен ден на работа? Секако дека не…rn

2. Висока самодоверба

rnФизичкиот изглед целосно се игнорира кога се чувствува зрачењето на високата самодоверба. Жената која е сигурна во себе сјае со сексапил, достоинство и сила, па на тој начин е и вистински предизвик за секој маж. Кога ќе ја пронајде оваа жена, која е задоволна со себе и со својот живот, тој сè што ќе сака е да го најде и своето место во таа совршена слика.rn

3. Страсна амбиција

rnАмбициозните жени кои даваат сè од себе за да го добијат тоа што го посакуваат, се сметаат за многу попривлечни од оние што не знаат што да прават со својот живот. Со други зборови, со тоа што немате животна цел, мажите автоматски помислуваат дека не сте сигурни ни за целите во љубовниот живот. Од друга страна пак, мажите исто така сакаат жени што понекогаш преземаат иницијатива, а тоа можат да го добијат само од оние жени што знаат што сакаат.rnrnА сте знаеле ли дека луѓето со „грчко стапало“ се посилни, поинтелигентни и посексапилни?