Дали и вам ви е вториот прст на нозете подолг од палецот? Ова се јавува кај само 14% од луѓето и се нарекува грчко стапало. Иако за некои тоа изгледа грдо и без размислување би го смениле со прст во „нормална“ големина, тоа неретко се поврзува со сила, интелигенција и сексапил.rnrn
rnrnОд друга страна пак, постојат и негативни последици од оваа состојба. Грчкото стапало може да предизвика проблеми со нозете, како и голема болка доколку не се користи соодветна облека. Личностите со грчко стапало често трпат болки во стапалото, а тоа е нешто што не смее да се игнорира.rnrnЗа да се справите со овие проблеми, најпрво треба да истражите малку повеќе за специјални обувки, составени од мек материјал за поголема удобност. За најдобар ефект, стапалата треба да ви имаат доволно простор за мрдање, а прстите никако не смеат да се притискаат едни во други. Покрај обувките, постојат и специјални влошки што можат да ви помогнат да се ослободите од болките и воспалението.rnrnАко постојано страдате од болки во нозете и имате грчко стапало, тогаш најдобро е да посетите доктор за да ви помогне полесно да се справите со проблемите што доаѓаат со оваа состојба.rnrnИсто така добро е да знаете и дека обликот на прстите на нозете може да ви каже многу за вашиот карактер!
Луѓето со „грчко стапало“ се посилни, поинтелигентни и посексапилни
