КАФЕ ПАУЗА

3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работа

3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работа

Written by

in

,

Интервјуата за работа се настан при кој што оној кој вработува сам себе се поставува во позиција да бара да биде импресиониран од кандидатот. Ако потенцијалниот работник биде доволно умешен и изигра како што обично очекува потенцијалниот работодавец, овој вториот ќе предвиди дека тој е вистинскиот работник за неговата компанија и ќе го прими пред оние кои не успеале да импресионираат или излажат во тие неколку минути. При тоа, работодавецот предвидува исклучиво според одговорите дадени на прашањата за кои смета дека се оние кои за неколку мигови ќе му дадат слика за тоа што може да очекува од кандидатот во следните неколку години.rnrnЛиз Рајан, менаџер за човечки ресурси и автор за магазинот Форбс, смета дека прашањата кои најчесто се поставуваат на интервјуата за работа се глупави и дека нормален човек никогаш не би ги дал одговорите кои работодавците сакаат да ги чујат за да бидат воодушевени. Еве како според неа би изгледало едно интервју за работа помеѓу работодавач кој поставува глупави прашања и кандидат кој дава искрени и остроумни одговори.rnrn3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работаrnrnПрашање: Покрај сите други талентирани кандидати, зошто би требало да ве вработиме токму вас?rnrnСтандарден глупав одговор: Затоа што сум паметен, многу вреден работник и им помагам на оние на кои им треба помош.rnrnНестандарден човечки одговор: Одлично прашање! Тоа всушност е целта на ова интервју, да сфатите зошто треба да ме вработите токму мене. Јас не сум разговарал со другите кандидати со кои што вие сте разговарале или ќе разговарате, а како врв на сè вие сте експертот во ова поле и културата на компанијата. Да бидам искрен, не знам зошто треба мене да ме вработите. Би било неодговорно од моја страна да дадам нелогичен одговор на ова прашање. Но, ако работиме заедно во иднина, сигурно ќе сфатите зошто требало баш мене да ме изберете пред другите кандидати.rnrn3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работаrnrnПрашање: Која е вашата најголема слабост?rnrnСтандарден глупав одговор: Перфекционист сум, понекогаш и премногу самокритичен и воркохолик.rnrnНестандарден човечки одговор: Порано сметав дека имам слабости, во смисла дека постојат нешта кои не ги правам многу добро и би требало да се подобрам во врска со нив. Со текот на времето сфатив дека треба да се фокусирам на работите кои умеам да ги правам добро затоа што нема смисла да се подобрувам за еден или два проценти за работи кои не ме интересираат. Затоа не се занимавам со одредени работи, како на пример (нешто што не ве интересира), туку повеќе се фокусирам на она што сакам да го правам, како на пример (нешто што ве интересира). Сметам дека тоа е многу подобар начин да се потроши енергијата.rnrn3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работаrnrnПрашање: Каде се гледате себеси после пет години?rnrnСтандарден глупав одговор: Ако имам среќа, ќе работам овде на некоја повисока позиција.rnrnНестандарден човечки одговор: Животот се живее многу брзо и е многу неизвесен. Не правам долгорочни планови затоа што тоа ми ги ограничува новите можности кои излегуваат во меѓувреме. (Нешто што ви е страст и е поврзано со работното место) ми е страст и сигурно ќе работам нешто што ми е страст и после пет години, ако сум сè уште жив. А вие?rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.