КАФЕ ПАУЗА

Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)

Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)

Written by

in

,
Средното училиште никогаш не било потешко…

rnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy)Режија: Марк ВејтерсrnrnУлоги: Зои Доич, Луси Фрај, Даниел КозловскиrnrnВреметраење: 104 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 февруари 2014rnrnЖанр: акција, комедија, фантазијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка [ratings]rnrnrnrnЛиса Драгомир (Луси Фрај) е кралски член на античка магична раса – Морои. Роуз Хатавеј (Зои Доич), нејзината најдобра пријателка, објаснува дека тие не носат црни наметки, не се претвораат во лилјаци, не спијат во ковчези, ниту пак светкаат. Дневната светлина ги нервира, но не ги убива. Да, тие живеат од крв, но за разлика од вампирите кои ни се нам познати, Мороите не живеат вечно и токму затоа имаат потреба од чуварите. А Роуз Хатавеј е токму тоа, чувар-заштитник. Таа е пола човек, пола Морои, односно Дампир. И благодарение на човечката половина таа се исхранува како и сите останати луѓе. Дампирите ги посветуваат своите животи во штитење на Мороите и живеат само според едно правило, а тоа е дека тие се секогаш први. Но, работите никогаш не се едноставни. Во оваа верзија постојат и лоши вампири, односно Стригои. Тие напаѓаат навечер и можат да бидат убиени само со помош на сребрен колец.rnrnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy) Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)rnrnСвети Владимир или како што Роуз го нарекува, Академија за вампири, не е воопшто како обично училиште. Тоа е сосема друг универзум. Сите ученици слушаат исти часови како и нормалните ученици во нормалните училиштаa, но откако овие часови ќе завршат Дампирите учат борбени вештини, а Мороите ги посетуваат своите часови за магија. Интересно е што во текот на школувањето секој Морои мора да избере само една магија, без разлика дали станува збор за вода, воздух, земја или оган. Но, уште во првите неколку сцени вие веднаш ќе забележите дека Лиса се издвојува од останатите. Во неа постои нешто што е уникатно и непознато. И токму затоа ќе стане мета.rnrnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy)Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)rnrnАкадемија за вампири е типична тинејџерска приказна. Дејството се одвива во средно училиште, учениците се поделени на популарни и губитници, постои забранета љубов, се појавуваат закани од соучениците… Накратко, доколку ви се допаднал филмот „Mean GIrls“, со сигурност ќе ви се допадне и овој. Единствената забелешка која вреди да се спомне е дека одвреме-навреме ќе почувствувате како приказната да го губи својот тек и како нешто да недостасува. Но, настрана од тоа, станува збор за лесен и интересен филм со добра доза на хумор и акција кој добро ќе го пополни вашето слободно попладне.rnrnФилм: Академија за вампири (Vampire Academy) Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.