КАФЕ ПАУЗА

Секси хороскоп: Кој е најдобриот љубовник во Зодијакот?

Овенот како љубовник е страстен, но малку себичен, Близнаците се креативни, но и малку неверни, Скорпијата е страсна, но и малку опасна… Каков е вашиот хороскопски знак во љубовните мигови?rnrnseksi-horoskop-koj-e-najdobriot-ljubovnik-vo-zodijakot-kafepauza.mkrn

Овен

rnНеговата силна личност има магнетска привлечност, а поради нивната постојана желба за контрола, тие одлично се бакнуваат. Нетрпеливи се и често се себични во сексот. Сепак, доколку им се „нафрлите“ додека се најстрасни, одлично ќе си поминете! За да заведете Овен, потребно е да не бидете срамежливи, а да бидете спонтани и интелигентни.rn

Бик

rnНајмажествениот од сите знаци со огромен сексуален апетит. Тој е можеби најдобриот љубовник во Зодијакот. Потребни им се многу допири, но без брзање. За нив добриот секс е како добра храна – потребно е да му се посвети доста време за да може во него да се ужива.rn

Близнаци

rnАко сакате интелигентни луѓе, Близнакот може да биде најдобриот љубовник за вас. За да го заведете мора да бидете лукави и проникливи. Тие се мајстори на флертот и можат да ве освојат со само еден допир. Близнаците се креативни љубовници и со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Но внимавајте, не сакате ни вие да им здодеете ним.rn

Рак

rnНа најемотивниот знак му е потребен нежен допир, длабока емотивна поврзаност и посветен и нежен партнер. Тие се нежни љубовници, но доколку ја изневерите нивната доверба, сигурно ќе ви се одмаздат. Сакаат кога други се грижат за нив.rn

Лав

rnСпоред многу Лавот е најдобар љубовник во Зодијакот. Тој постојано гори од страст и е многу самоуверен и потентен во сексот. На своите партнерки постојано им дава подароци, а за да го заведете треба само константно да му обрнувате внимание.rn

Девица

rnНиеден друг љубовник нема да сака толку како Девицата. Таа изгледа сталожено и кул, но под површината е енормно сензуална. Сепак, не е идеална за секого, бидејќи често ја преминува границата на опседнатост и перфекционизам, што знае да биде многу напорно…rn

Вага

rnКако личност која сака да им угодува на луѓето, Вагата е внимателен и приврзан љубовник. Полна е со сентиментални аспирации, па бидете внимателни и обидете се да ѝ ги исполните фантазиите. Природно е склона на флерт и сака да експериментира во кревет. Заведете ја со романтика.rn

Скорпија

rnСкорпијата без сомнение е најсексуалниот од сите знаци, па сосема оправдано ја држи титулата за најдобар љубовник. Скорпиите често манипулираат со другите за да дојдат до секс. Нивната неодолива личност ги прави фасцинантни, но и опасни љубовници.rn

Стрелец

rnРазигран и детинест, Стрелецот како љубовник е доста креативен. Вечно останува млад во срцето и секогаш е отворен за експериментирање во сексот. Неговата поделена личност значи дека може да биде многу страстен, но и сосема ладен.rn

Јарец

rnЈарецот е резервиран и мора да биде длабоко заљубен за воопшто да помисли на секс. Не е ниту отворен ниту авантуристичен, бавен е, но и верен до крај. За да го заведете потребно е да се помачите и да напредувате постепено, чекор по чекор.rn

Водолија

rnОвој знак ве сака поради вашето тело и не му е гајле дали после сексот ќе останете во врска или не. Водолијата има дива сексуална енергија, а заради нејзината бунтовна природа можеби таа е најдобриот љубовник во Зодијакот.rn

Риби

rnТие ќе ви понудат физичка врска полна со љубов и задоволство. Исклучително се опуштени и сакаат само да имаат самоуверен и среќен партнер. Кога ќе ја пронајдат таа личност, тие уживаат во сексот, посебно во „сексот за смирување“. За да ги заведете мора да бидете агресивни, како контраст на нивната мрзеливост.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.