3 несовршености кај мажите што жените ги обожаваат

Сподели

Машкиот шарм доаѓа во разни облици, а привлечноста кај спротивниот пол често е поттикната токму од „мааните“ на машкото тело за коишто тие најчесто се срамат. Токму тие ситници и несовршености стануваат неодоливи за голем број жени, поради што и тие чувствуваат поголема привлечност. Следуваат 3-те најчести примери за несовршености на машкото тело што жените едноставно ги обожаваат.

Реклама

rn

1. Стомаче

rnДури 2/3 од испитаните жени во една онлајн анкета потврдиле дека малото стомаче кај мажите е посекси одошто претходно се мислело. Имено, жените изјавиле дека попрво би сакале да видат природно стомаче кај „нормален“ маж одошто камени мускули кај маж опседнат со огледало, тегови и протеини. Изгледа умереноста секогаш е приоритет.rn

2. Брада

rnМладата брада од само неколку денови е вистинска мамка за припадничките на женскиот пол. Не станува збор за брадата што е одржувана во одредена должина, туку за онаа што израснала затоа што мажите едноставно немале време да се избричат 2-3 дена.rn

3. Знаци на стареење

rnАнкетата исто така потврдила дека за жените седата коса кај мажите е многу секси. Иако денес сè повеќе и повеќе мажи одбираат да ги кријат знаците на стареење, за да го задржат својот младешки изглед, за жените изгледа тоа воопшто не е проблем кога станува збор за привлечноста.

Погледнете ги и овие 11 „срамотни“ ситници за сексот за кои жените се грижат, а мажите не ги ни забележуваат.

Популарно

Може ќе ве интересира