Лилијан Вебер, 99-годишна баба од Ајова последните неколку години шие по еден фустан на ден за христијанска добротворна организација Мали фустани за Африка, која дистрибуира фустанчиња за девојчињата на кои им се потребни, во Африка но и на други места во светот.rnrn
rnrnНејзината цел е да направи 1.000 фустани додека наполни 100 години на 6 мај. Досега има сошиено повеќе од 840. Иако вели дека може да прави по два на ден, сепак прави само по еден, но секој од нив добива личен печат со начинот на шиење. Таа се надева дека секое мало девојче кое ќе добие фустан ќе се чувствува гордо во новото парче облека.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.