И пред да имате секс со новиот партнер, можете да дознаете каков ќе биде во кревет. Постојат некои сигнали кои го издаваат, а на вам е да им обрнете внимание. Еве 10 работи според кои можете да откриете повеќе одошто тој би сакал.rnrn
rn
1. Грицка нокти
rnМаж кој грицка нокти самиот себеси се турка подалеку од сопствените граници и оди во крајности – тоа обично се изедначува со страст. Можеби оваа навика нема да ви изгледа привлечно, но тоа може да значи дека е одличен љубовник.rn
2. Има куче
rnМажите кои имаат куче како домашен миленик, често потребите на другите ги ставаат пред своите, што значи дека веројатно и во сексот не се себични. Но, сопствениците на кучиња се навикнати на кучешки влакна, па не се баш опседнати со хигиената, што пак може да ви ја „исклучи“ сексуална желба.rn
3. Не е Бредли Купер
rnАко момчето не е страшно згодно и не освојува многу жени со својот изглед, веројатно ќе вложи многу повеќе труд и време за да ја направи среќна својата партнерка.rn
4. Убаво пишува
rnСпоред стручњаците за ракопис, мажите кои малата буква „у“ ја пишуваат со опавче имаат високо либидо и голема фантазија.rn
5. Божествено мириса
rnМирисот е една од карактеристиките која е важна за привлечноста. Колку некој има подобар природен мирис за одредена жена, толку е поголема веројатноста дека тие двајца се генетички комплементарни.rn
6. Стои исправено
rnМлитавото и подгрбавено држење на телото е индикатор за несигурност и мрзливост. Колку момчето стои поисправено, толку е поголема неговата самодоверба и повеќе се труди.rn
7. Се шегува на своја сметка
rnСекој маж која знае да се пошегува на своја сметка не е егоцентрик и не се доживува себеси пресериозно, што е добро кога е сексот во прашање.rn
8. Како вози автомобил?
rnМашките кои лесно се вознемируваат додека возат се и нестрпливи љубовници опседнати со крајниот резултат – оргазмот, и тоа само својот. Често се незаинтересирани кога е во прашање задоволувањето на партнерката. Брзите возачи се страсни и сакаат таков секс. Настрана од бавните и претерано внимателни возачи покрај кои и вашата баба би сакала да види малку повеќе акција зад воланот.rn
9. Роб на дневните рутини
rnАко се вознемирува на секоја, па и најмала промена на дневната рутина, тоа може да биде лош знак. Ако се однесува како робот, големи се шансите дека на истиот начин води љубов. Во текот на сексот подобро ништо не менувајте, бидејќи тој веднаш ќе си помисли дека нешто не е ОК.rn
10. Зборува со своите раце
rnАко прави драматични потези со рацете додека зборува, веројатно се работи за креативен маж со многу фантазија кој е и вешт љубовник.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.