КАФЕ ПАУЗА

3 најчести митови за холестеролот

Автор: Ана ПетровиќrnrnПознато е дека постојат два вида холестерол, лош (ЛДЛ) и добар (ХДЛ). Кога нивото на лошиот холестерол е висок, тој почнува да се лепи за површината на крвните садови, ја забрзува атеросклерозата и ја намалува еластичноста на артериите. Заради сушење на артериите може да настапи инфаркт или мозочен удар. Иако за холестеролот се знаат многу работи, она што многумина не го знаат е вистината за следниве три мита:rnrn3-najchesti-mitovi-za-holesterolot-kafepauza.mkrn

1. Сите масти кои се внесуваат преку храната ги запушуваат крвните садови

rnИако се смета дека холестеролот кој се наоѓа во јајцето ги затнува артериите, истражување од Универзитетот Харвард го демантира ова тврдење. Вистина е дека само заситените масти кои се наоѓаат во процесираната храна (сирење, павлака, маргарин) учествуваат во создавање на лошиот холестерол. Дневно препорачаната доза на ваквите производи е ограничена на 16 грама.rn

2. Физичката активност може да даде брзи резултати

rnИако истражувањата покажуваат дека 40 минути физичка активност дневно го поттикнува производството на добриот холестерол, сепак ваквиот ефект не се постигнува преку ноќ. На мажите им е потребен период од 3 месеци, додека на жените, период од 6 месеци за да го намалат лошиот холестерол.rn

3. Нивото на холестерол се тестира само еднаш во животот

rnОваа заблуда може да ви го наруши здравјето. Нивото на холестерол во текот на животот се менува, посебно кај жените во менопауза, па затоа се препорачува негова проверка на секои две години.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.