Шангајската артистка Хонг Ји со прекар Ред, за која веќе имаме пишувано претходно, повторно изненадува со својот исклучителен талент. Овој пат, таа пронајде уште еден креативен начин да искаже почит и признание кон една од најголемите пејачки на оваа генерација, Адел. Таа досега има нацртано портрет со дно од шолја извалкана во кафе, од сончогледови семки, па дури и со тапкање на баскет врз платно. Овој пат таа ја нацрта Адел со свеќи, како дел од нејзиниот проект во 4 делови, секој изработен со користење на некој од 4-те основни елементи: оган, вода, ветер или земја.
rn
rn
Во врска со овој проект таа вели: „Песната на Адел „Set Fire to the Rain“ ме инспирираше да употребам свеќи и оган како материјал за сликање, бидејќи според мене, таа во песната најверојатно пее за болката која ја чувствува од некоја пропадната љубовна врска. Дождот е метафора за солзите кои таа ги проплакала и притоа таа го пали огнот, за да ја изгори и уништи болката којашто ја чувствува. Употребив сини свеќи, кои ги репрезентираат нејзините солзи и со нивно запалување, тие се топат и растекуваат, формирајќи портрет од Адел.“
rn


rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
