Бик, Девица и Јарец: Кои се доблестите на земјените знаци?

Сподели

Откријте во што се наоѓа нивната сила и посебност, што сакаат и на што се восхитуваат земјените знаци.

Реклама

Бикот, Девицата и Јарецот се склони да го напуштат градскиот живот и да отидат да живеат на пуст имот во склад со природата. Ќе ги исфрлат автомобилите и ќе започнат да користат велосипед, ќе изградат соларни панели на кровот на својата куќа, највнимателно ќе рециклираат и ќе протестираат против секој вид загадување. Креативно ќе градат „паметни куќи“ и ќе се погрижат да имаат одржлив развој.

Припадниците на земјените знаци може да се сметаат за чувари на природата, чувари на Земјата. Нутриционизмот и исхраната за нив се прашање на одржување, па многу ќе им биде важно еколошкото производство на храна, но и екологијата воопшто.

Реклама

Својата сила ја црпат од реалноста, од создавањето храна, убавина, здравје, од средувањето на светот околу себе. Ќе внесуваат различни практични иновации во секојдневието кои ја олеснуваат работата и го подобруваат здравјето.

Својата необичност понекогаш ќе ја изразат со украсување на телото. Сакаат тетоважи, веруваат во вежбањето и со задоволство ќе се облекуваат во природни материјали. Лесно ќе ја прифатат својата необична страна, бидејќи не им е преголема грижа за туѓото мислење.

Најново

Може ќе ве интересира