Секој започнува со вежбање поради различни цели: некој сака да биде посилен, друг да крене поголема тежина, трет само за да изгуби килограми… Која и да е вашата цел, направете ги овие три тестови пред да го зголемите интензитетот на тренинг со цел да утврдите од каде почнувате и да не се претренирате. Овие би морале да ги издржите.rnrn
rn
Тест бр. 1: Сооднос на висината и обемот на половината
rnИзмерете ги вашата висина и обемот околу половината. Односот треба да биде 2:1 во корист на висината, во спротивно тешкиот тренинг носи ризик од срцеви заболувања.rnrn
Тест бр. 2: Положба на штица
rnОвој тест од вас бара да останете во положба на штица (види слика) две минути. Иако изгледа како краток период, почетниците нема да го издржат. Доколку и вие паднете, тоа значи или дека стомачните мускули не ви се доволно извежбани и спремни за поголем напор или дека имате прекумерна тежина. Решението е вежбање на полесни, а поедноставни вежби кои со тек на време ќе ви дадат цврстина во стомакот и ќе ве спремат за понатамошните предизвици.rnrn
Тест бр. 3: Седнување и станување
rnОбидете се да седнете и станете од подот со што е можно помала помош од рацете. Тоа е целиот тест, за кој истражувањата покажуваат дека ако успеете да го поминете, тогаш имате многу поголеми шанси да живеете подолго.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.