Време: 4 декември, 19 часотrnМесто: Концепт 37rnrn
Во среда, 4 декември во 19 часот во кафе Концепт 37 ќе се одржи промоција на книгата „Белешките на Лајла Грејс“ на Марија Јаневска, македонски блогерист, колумнист и автор на кратки текстови и новели.rnrnМарија Јаневска на јавната книжевна сцена се појавува летото 2012 година, преку својот блог „Белешките на Лајла Грејс“, по што за кратко време псевдонимот Лајла Грејс доживува огромна популарност.rnrnНејзините текстови се препознатливи по скриените пораки што ги носат во себе, по живот и разговорлив јазик, како и по силните чувства во кратките приказни во кои може да се пронајде секој од нас. Тие несомнено се инспирирани од нејзиниот живот, но сепак настаните што ги раскажуваат се вметнати во туѓи приказни.rnrn„Белешките на Лајла Грејс“ е нејзината прва книга, а во неа се поместени најпопуларните текстови објавувани на нејзиниот блог како и досега необјавени материјали.rnrn
„Настаните не се вистински. Односно тие се вистински во секој можен поглед, но јас им го сменив крајот, или дури и самиот почеток. Беше премногу болен или можеби и премногу едноставен за раскажување. Ликовите можеби во вистинскиот живот не заслужија вака да завршат, некои можеби завршија, а другите се можеби само моја илузија.rnrnМожеби мојата гордост ја избрка храброста и ме направи кукавица. Но, на некој начин, јас најдов како да ја раскажам мојата приказна онака како што сакав да заврши. Како што немав храброст да ја погазам гордоста и да се борам за таквиот крај. Туку дозволив љубовта да се испогани, на сите можни начини на коишто луѓето ќе успеат да го испоганат и најчистото – и најчистата душа и најчистата љубов. Но, сепак, и по толку време, со тоа што ги раскажав приказните со променет преплет на настаните, таа невина наивност ќе остане чиста и засекогаш ќе живее во мене.“
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
