Есента носи многу вкусни плодови, а еден од нив е дефинитивно тиквата, која можете да ја користите на различни начини. Веројатно веќе сте имале можност да направите вкусни јадења од тиква, но овојпат не станува збор за јадење, туку за грижата за убавина на вашето тело. Погледнете како да направите лесен есенски пилинг за тело од тиква.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 250 грама кафеав шеќер
- 200 грама мелено кафе
- 1-2 лажици зачин од тиква или пире од варена тиква (ако немате зачин од тиква, направете го со мешање на овие состојки по ваш вкус: морско оревче, ѓумбир, каранфилче и цимет)
- 450 милилитри масло по ваш избор – ленено масло, масло од семе од грозје или маслиново масло
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИстурете го шеќерот во сад и измешајте со дрвена лажица за да го скршите на помали парчиња. Потоа додајте ги меленото кафе и зачинот од тиква. Измешајте рамномерно пред да додадете масло. Додајте го маслото и мешајте додека не се соедини смесата. Истурете го пилингот во стаклена тегла и можете да го користите веднаш или да го чувате во фрижидер за понатамошна употреба.rn
Примена:
rnНанесете мала количина пилинг на чиста влажна кожа по телото и истријте добро. Оставете да дејствува околу 15 минути и потоа исплакнете темелно.rnrnПогледнете како да направите домашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицето.