Дали некогаш сте се запрашале дали сте во врска со вистинскиот? Или пак, дали тој е најдобриот избор за вас? Доколку вашиот партнер ги прави овие нешта, тогаш не се сомневајте во него бидејќи официјално тој е најдобриот дечко на светот. Токму затоа и треба да направите сè што е во ваша моќ за да го задржите крај себе.rn
1. Направил место за вас, без да го прашате
rnВие не требало да го прашате за фиока во неговиот стан, тој веќе ослободил една само за вас.rn
2. Начинот на кој ви се додворувал бил точен опис за вашиот сегашен однос
rnАко ве одвел на танцување, вие сè уште танцувате. Ако готвел за вас, тој сè уште готви… Не кажал ниту една лага за себе кога сте се запознавале.rn
3. Ги почитува своите бивши девојки и сè уште е пријател со некои од нив
rnИ воопшто не треба да се грижите за тоа. Тој едноставно не зборува лошо за девојките од неговиот живот, без разлика на тоа што се случило.rn
4. Ја купува онаа храна која вие сакате да ја јадете
rnТој е внимателен и постојано мисли на васrn
5. Ги помни дури и најмалите детали од приказната која сте му ја раскажале
rnТој толку добро ве слуша, што никогаш не мора да се повторувате.rn
6. Се држи до својот став, но подготвен е да признае кога греши
rnОд една страна цврсто стои на своите верувања, но исто така е и доволно храбар да признае кога ќе згреши.rn
7. Токму поради тоа и неговото однесување се менува на мали и значајни начини
rnТој не се потпира само на зборовите, туку и на делата кои секогаш ги следат неговите вистински емоции.rn
8. Ве остава да се однесувате незрело
rnКога вие се однесувате како дете, тој не реагира со цел да не се почувствувате глупаво, но сепак ќе продолжи да се однесува кон вас како кон зрела личност.rn
9. Понекогаш го чувствувате неговиот поглед дури и ако не го гледате
rnТој наоѓа милион начини да ве направи да се чувствувате посакувано.rn
10. Не им се смее на вашите фантазии
rnОтворен е да проба нови нешта, како во спалната соба, така и во животот.rn
11. Едвај чека да ве запознае со своите најблиски
rnТој бил неизмерно возбуден кога прв пат ве запознал со своите пријатели и семејство.rn
12. Сака да биде со вас и тоа отворено ви го признава
rnВо ниту еден момент не мора да се прашате што тој чувствува за вас, вие едноставно знаете.rn
13. Го вреднува вашето мислење кога станува збор за купување поскапи нешта
rnТој не бара ваша дозвола, туку само сака да знае што мислите вие за часовникот или моторот кои ги гледал.rn
14. Тој никогаш не ве навредува со погрдни зборови
rnДури и кога е лут, тој никогаш не си дозволува да ве навреди. Исто како и која било друга жена во неговиот живот.rn
15. Не се сомнева во валидноста на ПМС-от
rnДури прави и сè како што треба за да се почувствувате подобро.rn
16. Со него можете да зборувате за сè
rnДури и за најнепријатните нешта, како одењето во тоалет.rn
17. Не се чувствува загрозено кога флертувате на журки
rnПоточно, тој знае дека љубомората води само кон проблеми, но исто така и не сака да ви го уништи стилот.rn
18. Го интересира што вашите пријатели мислат за него
rnИ никогаш не би побарал од вас да ги напуштите за да се гледате повеќе со него.rn
19. Не трошите премногу енергија грижејќи се за вашата врска
rnСекако, понекогаш може да се случи да се исплашите или да се карате, но генерално во вашата врска нема драма.rn
20. Најмногу уживате кога заедно не правите ништо
rnВам доволно ви е да сте покрај него, во тишина.rn
21. Тој сака одвреме-навреме да ве изненади со нешто кое сам го подготвил
rnБез разлика дали станува збор за романтична вечера, или музичка плејлиста, тој обожава кога ве гледа среќни.rn
22. И за крај, сè уште чувствувате како да постојат милион нешта кои би ги додале на оваа листа
rnЗошто да не му го признаете тоа?

