КАФЕ ПАУЗА

Што треба, а што не треба да правите за вашата матурска вечер?

Матуранти, сигурно веќе ги одбројувате деновите до вашата матурска вечер. Фустанот, чевлите и чантата ви се спремни, па сè што ви преостанува е шминката и да блеснете во најдобро светло. За да го постигнете тоа, погледнете ги овие совети со чијашто помош ќе изгледате прекрасно на вашата матурска вечер.rnrnrn

1. Задржете го вашиот стил

rnБидете она што сте. Не претерувајте и не се оддалечувајте од вашата удобна зона. Исто така е важно да останете соодветни на вашата возраст. Вие имате 18, а не 28 години! Не обидувајте се да изгледате премногу возрасни.rn

2. Нема потреба да посетувате солариум

rnНаместо тоа, спрејот за изедначување на вашиот тен може да биде подобра идеја. Но, запаметете дека секогаш можете да изгледате прекрасно и со вашиот природен тен.rn

3. Не се оддалечувајте премногу од вашите рутински активности за разубавување

rnЕкспериментирањето со нови козметички производи неколку дена пред матурската вечер не звучи како добра идеја. Сега не е време да ја пробате новата крема, зашто сигурно не сакате да се појавите на матурската вечер со иритирана кожа.rn

4. Избегнувајте темен кармин

rnТемниот кармин бара поголема прецизност, па и неговото мало размачкување може да го уништи вашиот изглед. Наместо постојано да го поправате, изберете кармин во посветла боја и уживајте во вашата вечер.rn

5. Средете ги веѓите барем еден ден претходно

rnВеѓите се важен дел во вашиот изглед, а нема девојка што сака да се појави со несредени веѓи. Депилирајте ги веѓите најмалку 24 часа порано, со цел да се осигурите дека вашата кожа ќе има доволно време да се смири и да исчезне црвенилото.rnrnrn

6. Избегнувајте светкави лосиони за тело

rnНаместо тоа, нанесете обични лосиони коишто ќе ви го дадат потребниот сјај. Ова исто така важи и за сенките за очи. Нема потреба да нанесувате дополнителни светкави елементи, бидете свои и ќе останете прекрасни.rn

7. Избегнувајте храна којашто ќе ви предизвика подуеност

rnДа бидеме реални, не постои девојка којашто ќе сака да изгледа или да се чувствува подуено, особено не на нејзината матурска вечер. Затоа, држете се до храна којашто ја намалува подуеноста. Избегнувајте кафе, сол, вештачки засладувачи, брза храна или пак газирани пијалаци.rn

8. Направете маска за отстранување на маснотијата од вашето лицe

rnЗнаеме дека масната кожа бара голема нега, а масното лице не изгледа добро ниту на фотографиите. Затоа, при вашите подготовки, не заборавајте ја и маската за отстранување на маснотијата од вашето лице.rn

9. Понесете со себе неколку неопходни предмети

rnЗа да останете прекрасни цела ноќ, понесете со себе неколку неопходни предмети, како што е карминот, дезодорансот, огледалото и слично.rn

10. Не претерувајте

rnНе претерувајте со надградбата на косата, трепките или пак, со шминката. Трудете се да останете што повеќе природни, бидејќи на тој начин ќе изгледате поубаво и на фотографиите.rnrnЗа крај, запаметете дека е важно како се чувствувате вие. Бидете свои, бидејќи само така нема да погрешите!