Дали се сомневате во вашата подготвеност на овој голем чекор? Побарајте ги овие знаци, ако овие нешта важат за вас, тогаш сте подготвени.rnrn
rn
1. Се чувствувате добро за себе, и тогаш кога вашиот партнер не е со вас
rnЕдноставно на чисто сте со себе, слободни сте во своја кожа, со или без вашиот партнер.rnrn
rn
2. Кога ги слушате пријателите/ките како раскажуваат за нивните состаноци, не чувствувате дека пропуштате нешто
rnНапротив, мило ви е што го имате вашиот партнер.rn
3. Точно знаете што барате во вашиот/ата иден/на сопруг/а
rnКои карактерни особини треба да ги поседува, што треба а што не треба да прави.rnrn
rn
4. Одржувате блиски пријателства
rnНе сте сами, одржувате долги и топли пријателски односи. Секогаш може да си најдете друштво настрана од вашиот партнер.rn
5. Сфаќате дека не сè треба да се врти околу вас
rnЗнаете да заборавите на себичноста и да се жртвувате за друга личност, нешто што можеби не сте можеле да го направите пред неколку години.rn
6. Сè почесто ги забележувате свршеничките прстени по излозите и на рацете на другите девојки
rnМожеби бидејќи по малку сте опседнати со облици и модели? :)rn
7. Кога ќе помислите на вашата иднина, го гледате и вашиот партнер
rnКога мечтаете за иднината и кога правите планови, едноставно тој/таа е дел од нив.rnrn
rn
8. Со вашиот партнер отворено зборувате за пари
rnМоже слободно да му/ѝ кажете во каква „каша“ сте, или дека сте добиле ненадеен прилив на пари. Едноставно не се ограничувате што треба да му/ѝ кажете а што не, слободни сте и нема што да криете.rn
9. Сте зборувале за брак
rnМожеби не директно за брак меѓу вас двајца, но сè почесто зборувате општо за бракот, за заеднички живот, деца и сл.rnrn
rn
10. Вашите емоции се поврзани
rnКога тој/таа е лут/а, и вие сте, кога е среќен/на и вие ја чувствувате среќата.rn
11. Сте ги споделиле вашите несигурности, сомнежи, и сте дозволиле да бидете ранливи пред него/неа
rnПонекогаш сте хаос во движење, тоа го видел вашиот партнер и сепак е покрај вас.rnrn
rn
12. Тој/таа е вашата личност во итни случаи
rnШто и да ви се случи, прво ќе го/ја побарате него/неа.rn
13. Кога ќе чуете добри вести, тој/таа е првата личност на која ѝ се јавувате да ја споделите радоста
rnНа што вашата мајка се лути понекогаш.rnrn
rn
14. Буквално не ни помислувате на тоа да се вратите во некоја од вашите претходни врски
rnМолам, во тој хаос? Не, фала.rn
15. Не чувате омраза и негативни чувства
rnАко нешто згрешил/а, му/ѝ кажувате, го решавате проблемот и продолжувате понатаму. Не чувате во себе негативни чувства и замерки.rnrn
rn
16. Не се грижите што тој/таа прави кога вие не сте со него/неа
rnНе сте љубоморни, а дури и да сте малку му/ѝ верувате. Може слободно да ви каже дека е на кафе со пријателите и други личности кои не ги познавате, и вие само да му/ѝ посакате убав помин без ронка грижа.rn
17. Сте помислиле што би било кога би живееле заедно
rnИ не само тоа, сте помислиле дека всушност би сакале да живеете заедно.rn
18. Сте зборувале за тоа колку деца би сакале
rnИ двајцата сакате ист или приближно ист број деца.rnrn
rn
19. Не се ни сомневате за неговите/нејзините чувства за вас
rnЗнаете дека е луд/а по вас.rn
20. Дури и ако не би ја имале венчавката од вашите соништа, сепак би стапиле во брак со него/неа
rnПа воопшто и да нема свадбена церемонија, кому му е грижа?rnrn
