Зад овој проект стои архитектот Денис Красиков, кој целиот декор, го надополнува со впечатливи елементи во индустријален стил. Станува збор за нетипичен скандинавски дом. Самиот простор е отворен и светол, благодарејќи на огромните прозорци, високиот таван и паметниот дизајн.rnrn
rnrnДобар визуелен ефект е постигнат преку контрастот на белата боја на ѕидовите со сивите тонови на мебелот. Поговорките на ѕидовите ја оживуваат атмосферата и на домот му даваат личен печат. Сепак, се чини дека главниот фокус е ставен на кујната, која е одлично дизајнерско решение. Индустријална, а сепак домашна и функционална. Осветлувањето во спалната соба е интересно и амбиентално. Уживајте во фотографиите!rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нe на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


















