КАФЕ ПАУЗА

18 работи на кои мора да инсистирате во животот, дури и кога сите ви велат поинаку

18 работи на кои мора да инсистирате во животот, дури и кога сите ви велат поинаку

Written by

in

,

Сигурно во вашиот живот имате луѓе кои секогаш „знаат што е најдобро за вас“. Иако најчесто имаат добри намери, сепак има некои работи од кои не треба да отстапувате.rnrn18 работи на кои мора да инсистирате во животот, дури и кога сите ви велат поинакуrnrnИнсистирајте на остварување на вашите соништа. На некои луѓе тие може да им изгледаат невозможни за остварување и ќе ви речат дека сте луди. А тоа и не е лошо. Луѓето ги обесхрабруваат другите најчесто затоа што и самите немаат храброст за ништо и сакаат и другите околу нив да се такви за да не им покажат дека можело и поинаку.rnrnИнсистирајте на отстапување од непотребните битки. Не секоја победа ќе ви донесе корист. Понекогаш доаѓа таква од која треба да се повлечете за да ја добиете војната. На краток рок можеби нема да изгледате добро во очите на оние кои очекуваат многу од вас, но на долг рок вие ќе се чувствувате поубаво.rnrnИнсистирајте на прошка. Има една изрека која вели дека да бидеш лут некому за тој да се почувствува лошо е исто како да испиеш отров и да чекаш некој друг да умре. Прошката ви е потребна вам, затоа што ќе ве ослободи од лошите емоции и така полесно ќе продолжите понатаму.rnrnИнсистирајте на ценење на она што го имате. Имајте позитивен став кон вашите остварувања, без разлика дали се целосни или не.rnrnИнсистирајте да бидете свои. На друг начин не ни можете да живеете исполнет живот.rnrnИнсистирајте на луѓето кои ве прават среќни. Ако целта во животот ви е да бидете среќни, логично е да се опкружите со нив.rnrn18 работи на кои мора да инсистирате во животот, дури и кога сите ви велат поинакуrnrnИнсистирајте на учење од грешките. Има една изрека која вели дека не треба грешките да ги ставате на плеќите, зашто ќе ви тежат, туку под нозете за да се качите на нив и да погледнете кон подалечни хоризонти.rnrnИнсистирајте на она во кое верувате. Порано или подоцна вашите идеали ќе бидат ставени на тест. Придржувајте се кон нив за да не дојдете во ситуација повторно да ги барате.rnrnИнсистирајте на отстранување на драмата од животот. Не е потребно да се возбудувате поради некои нешта кои нема да бидат важни по некое време.rnrnИнсистирајте минатото да остане зад вас. Ова воопшто не е лесно. Можеби некој ќе ви рече дека „не треба да заборавате“, но тоа може да биде неопходно за исполнет живот.rnrnИнсистирајте на постојани промени. Тие се една од најубавите работи што може да ви се случат во животот. Секојдневието во кое сè се повторува секој нареден ден е здодевно.rnrnИнсистирајте на помош за оние што имале помалку среќа од вас. Некој можеби ќе ви рече дека треба првенствено да се грижите за себе или дека вие не сте оној кој ќе го спаси светот, но на крај одлуката е ваша.rnrn18 работи на кои мора да инсистирате во животот, дури и кога сите ви велат поинакуrnrnИнсистирајте на искреност и чесност. Не само што тоа се добри особини, туку и ќе ви помогнат да останете свои.rnrnИнсистирајте на посветеност. Кон што и да целите во животот, ќе ви биде потребно време. Бидете посветени на целите и не се откажувајте затоа што некој друг ве советува така.rnrnИнсистирајте на она што ви го вели срцето. Тоа најдобро знае што е најдобро за вас. Многумина ќе ве советуваат да го послушате разумот наместо срцето, но факт е дека никој не е попаметен од него.rnrnИнсистирајте на време за себе. Не сте должни да се дружите со околината во моментите кога подобро се чувствувате сами.rnrnИнсистирајте на љубезност. Вашиот чин на љубезност ќе инспирира некој друг. Бидете оние кои ќе го започнат тој синџир.rnrnИнсистирајте на живот во сегашниот миг. И милион пати да се повтори, ние пак ја правиме истата грешка и забораваме на овој важен принцип.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.