КАФЕ ПАУЗА

17 совети за организиран и среќен живот од гуру за минимализам

17 совети за организиран и среќен живот од гуру за минимализам

Written by

in

,

Уредниот дом носи живот без стрес, а хармонијата ќе ви го покаже патот кон успехот. Гуруто Лео Бабаута решил да ги сподели неговите совети со кои вашиот дом секогаш ќе биде среден.rnrn17 совети за организиран и среќен живот од гуру за минимализамrn

„Мојот животен пат од преплавеност до минимализам беше бавен, но плоден, и сега ме обзема среќа секој пат кога ќе се свртам околу себе и ќе видам ред.“

rnБидејќи самиот си докажал дека можно е да го направите животот поедноставен, Лео составил листа со правила која ќе ви помогне подобро да се организирате и да се ослободите од вишокот предмети.rn

1. Организирајте се на почетокот и на крајот од секој ден

rnЗапишете ги трите најважни задачи за тој ден и уште неколку обврски што треба да ги завршите. Исчистете ја масата и ставете ги работите на нивно место. На крајот од денот штиклирајте ги завршените обврски и обидете се да се подготвите за утре.rn

2. Секогаш кога станувате од масата, тргајте по една работа

rnСекогаш кога ќе станете по чаша вода или за да одите во тоалет, земете нешто од масата и вратете го на неговото место. Доколку масата е чиста, земете нешто друго.rn

3. Кога ќе завршите со јадење, измијте ја чинијата

rnНаместо да ги оставате садовите да се собираат во лабавото, веднаш измијте ги после употреба. Доколку има уште нешто, измијте го и тоа.rn

4. Избришете го лавабото после употреба

rnСекогаш откако ќе ги измиете рацете или забите, избришете го и лабавото. Правете го истото и во кујната.rn

5. Секогаш кога минувате низ собата, вратете едно нешто на неговото место

rnСекогаш кога влегувате или минувате низ просторија, барем едно нешто вратете на место. На овој начин не мора сè да средувате одеднаш.rn

6. Облеката веднаш ставајте ја во гардероберот

rnНемојте да ја оставате облеката расфрлана, туку веднаш враќајте ја во гардероберот.rn

7. Рамните површини држете ги празни

rnМасичките, работната маса и подовите оставајте ги празни. Доколку на нив има многу работи, секогаш кога ќе поминете покрај нив, вратете едно нешто на неговото место.rn

8. На крајот од работниот ден, архивирајте го материјалот

rnДоколку работите со хартии, распределете ги во папки. Доколку работите на компјутер, средете ги документите во посебни фолдери.rn

9. Веднаш одговарајте на имејловите

rnПрочитајте ја пораката, одговорете ја или архивирајте ја. Најдете што функционира најдобро за вас, само немојте да ги читате имејловите и да ги оставате така.rn

10. Настојувајте во поштенското сандаче да имате најмногу 3 имејлови

rnПостепено почнете да ги расчистувате илјадниците имејлови што не ви се потребни. Избришете ги оние што не ви користат и вратете на оние на кои очекуваат ваш одговор.rn

11. Направете список за купување за 30 денови

rnОна што не ви е итно, ставете го на овој список и немојте да го купувате додека не поминат 30 денови. Дури и ако после тоа ви е потребен предметот, можете да го купите. На овој начин ќе се заштитите од импулсивно и непотребно купување.rn

12. Средете ја облеката

rnСтавете ја облеката во гардеробер што не ви е многу пристапен и оттаму земајте го само она што го носите. На овој начин ќе сфатите која облека воопшто не ја употребувате и ќе можете да ја подарите.rn

13. Организирајте саботно чистење

rnВо сабота наутро, посветете неколку часа на чистење на одреден дел од домот.rn

14. Едно внатре, две надвор

rnКога во домот ќе внесете нешто ново или ќе добиете подарок, ослободете се од две слични нешта. Доколку, на пример, купите пар чевли, ослободете се од два пара. На овој начин добро ќе размислувате пред да купите нешто и полека ќе го намалувате бројот на работи што ги поседувате.rn

15. Ограничете го бројот на работи што ги имате

rnРазмислете за тоа да го сведете бројот на секојдневни предмети или книги на 30. Од останатото ослободете се и поставете граница. Границата поставете ја сами, но во неа мора да се чувствувате малку непријатно. Во спротивно, повторно ќе купувате премногу.rn

16. На крајот од секој месец исчистете го нередот во компјутерот

rnДобро зачувајте го она што ви е потребно, а избришете ги податоци кои само зафаќаат место во компјутерот.rn

17. Направете тримесечна ревизија

rnСекои 3 месеци посветете еден викенд за темелно чистење на домот.rn

Како да ги примените правилата?

rnНе мора да ги прифатите и примените сите правила одеднаш. Обидете се секоја недела да пробувате по едно нешто. Доколку сте задоволни од резултатот, продолжете да го следите правилото. Направете си и потсетник така што нема да ја заборавите новата промена, а на крај правилно оценете се. Со текот на времето, точно ќе знаете кои правила имаат најдобро влијание врз вашиот живот, па ќе станете подобро организирани.rnrnПогледнете ги и ситниците што можат да го подобрат вашиот живот.