КАФЕ ПАУЗА

7 ситници кои ќе ви го подобрат животот

Written by

in

,

Доколку во вашиот стан немате ништо од овој список, променете го тоа што побрзо, затоа што едно истражување покажало дека токму овие нешта го зголемуваат задоволството. А вие како и сите луѓе во светот, сакате да уживате во вашиот дом, од кој очекувате да ви пружи удобност и засолниште од надворешниот метеж.rn

1. Зелени или жолти ѕидови

rn7 ситници кои ќе ви го подобрат живототrnrnИстражувањето кое било објавено од еден американски универзитет вели дека од целата палета бои овие две нијанси најмногу го поттикнуваат чувството на среќа. Знаеме дека е голема промена ако ги бојадисате ѕидовите зелени или жолти, па затоа за почеток експериментирајте само со декорации во овие бои на одредени ѕидови.rn

2. Свежо цвеќе

rn7 ситници кои ќе ви го подобрат живототrnrnНаучниците покажале дека свежото цвеќе ги активира хормоните за среќа и го зголемува чувството на среќа во животот. Затоа одете до најблискиот пазар или цвеќара и купете го она свежо цвеќе кое најмногу ви се допаѓа.rn

3. Фотографии

rn(6)-7-sitnici-koi-kje-vi-go-podobrat-zhivotot-kafepauza.mkrnrnДоколку на вашата тоалетна масичка покрај креветот моментално има место само за книги, полнач и чаша вода, тогаш што поскоро заменете ги со вашите омилени семејни фотографии. Истражувањата покажуваат дека таквите фотографии евоцираат среќа и чувство на мир и спокојство.rn

4. Дневник

rn7 ситници кои ќе ви го подобрат живототrnrnТренингот и медитацијата помагаат да ја исфрлите негативната енергија од себе и да оставите простор за позитивно размислување. Меѓутоа, доколку немате време за тренинг или медитација, обидете се со пишување дневник бидејќи е докажано дека се постигнува истиот ефект.rn

5. Куче

rn7 ситници кои ќе ви го подобрат живототrnrnМногу истражувања потврдуваат дека кучето навистина е најдобриот човеков пријател и дека секој миленик на својот сопственик му причинува огромно задоволство и среќа. Домашните миленици исто така го подобруваат и квалитетот на живот на својот сопственик, како и му овозможуваат безрезервна љубов и поддршка.rn

6. Наместен кревет

rn7 ситници кои ќе ви го подобрат живототrnrnМожеби ви изгледа смешно, но обидете се местењето на вашиот кревет да ви стане утринска рутина, за да го започнете денот добро и организирано. Според резултатите од истражувањата, 71 процент од луѓето кои го местат својот кревет секое утро се сметаат себеси за среќни луѓе, додека 62 проценти од тие што не го местат се чувствуваат несреќно.rn

7. Минимализам

rn7 ситници кои ќе ви го подобрат живототrnrnНаучниците велат дека постои врска помеѓу хормонот кој предизвикува стрес и луѓето кои поседуваат куќи и станови со огромен број предмети. Колку повеќе покуќнина имате во вашиот дом, толку повеќе доживувате стресни искуства, затоа што неуредните домови луѓето ги поврзуваат со неуспех. Смалете го нередот и зголемете ги шансите за среќа и благосостојба.