Можеби сите овие нешта не ги прави вашето момче, но ќе мора да се согласите дека ова се дел од нештата кои мажите ги прават, а нам ни одат по нерви. Од спиење до доцна до оставање валкани чорапи, еве што сè нè нервира кај погрубиот пол.rnrn
rn
1. Спие до доцна
rnДодека да се разбуди вие веќе сте подготвиле појадок, сте биле на пазарење и на враќање сте ставиле бензин во колата и сте ги платиле сметките.rn
2. Не знае да извршува основни домашни задачи
rnКако на пример да ја измие чинијата после јадење. Секако, секоја чест на исклучоците.rn
3. Зборува за неговата бивша девојка
rnБез разлика дали зборува добро или лошо, зборувањето за неговата бивша е секогаш знак дека не ја преболел сосема.rn
4. Таа способност да заспие секогаш и во секое време
rnА вие се чудите како му успева. Ве нервира фактот што не изгледал цел филм без да преспие макар дел.rn
5. Испуштање гасови и подждригнување
rnСекако, се случува, но проблемот е кога некој го прави тоа без осет среде гледање филм и се однесува како ништо да не било.rn
6. Коментирање за физичкиот изглед на други жени и девојки
rnНевкусно, најдете друг начин да се докажете колкави мажи сте.rn
7. Се преправа дека ве слуша
rnКога очигледно умот му лета на сосема друга страна.rn
8. По бричење остава ситни влакненца од брадата во лавабото
rnТоа е дел од хигиената. Колку што е лицето мазно после бричење, толку лавабото треба да остане чисто.rn
9. Остава валкани чорапи на подот
rnТолку ли е тешко да ги однесе до корпата за валкани алишта?rn
10. Не го спушта капакот од веце шолјата
rnПа добро, колку пати треба да се повтори ова правило?!rn
11. Упорно ја допира вашата коса пред да излезете
rnА му рековте дека не сакате да ви ја расипе фризурата.rn
12. Тоа што некогаш не ве разбира од прва
rnДобро, зошто мора сè да му дообјаснувате?rn
13. Често ќе го утне видот на производот што сте го побарале од супермаркет
rnНе, не требаше црвеното ама нема гајле, ќе се снајдам некако.rn
14. Тоа што не ве разбира во оној период од месецот
rnВашето однесување и не е толку ирационално, но за него е очигледно голем проблем. Добро, зошто едноставно не ве остави да бидете неподносливи и да ве сака?rn
15. Тоа што не ви чита мисли
rnУф, навистина е напорно, би требало да знаете да читате мисли, така сè ќе беше полесно.rn
16. Тоа што е многу приврзан за неговата мајка
rnИскрено, иако ја цениме вашата љубов и грижа, тоа што некогаш сте мамини синчиња ни оди по нерви, но не кажуваме.rn
17. Навиката да прашува што сте купиле и зошто ви било потребно
rnНа попуст беше и не даваме отчет после шопинг.rn
18. Тоа што некогаш се однесува како жена
rnДа, косата конечно ти е добро наместена, ајде да излеземе.rn
19. Тоа што е доволно згоден и за вас неопходен, па занемарувате сè што ве нервира кај него.
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.