Животот е непредвидлив, некогаш среќен, некогаш луд, некогаш тажен. Во 20-тите години од нашите животи учиме многу нешта, стануваме возрасни и го осознаваме животот гледајќи на нештата од друга перспектива. Еве на што нè учи животот пред да наполниме 30.rnrn
rn
1. Можете да правите сè што сакате
rnСе сеќавате на сонот од вашето детство? Што сакавте да бидете кога ќе пораснете? Сега сте возрасни и можете да бидете сè што сакате. Вашиот сон можеби изгледа глупав или невозможен за некој друг, но тоа не значи дека не може да ви се оствари. Може да бидете сè што сакате.rn
2. Не е правилно да се ограничувате себеси
rnСекогаш бидете отворени на нови предизвици и можности. Не ограничувајте се себеси со изговор дека припаѓате во одредена група на луѓе или дека би работеле само една одредена работа. Доколку ви се отвори можност да добиете ново искуство, прифатете ја. Можеби сте завршиле факултет кој стручно ве подготвил за одредена работа, не значи дека таа работа е единственото поле на кое би можеле да градите кариера.rnrnАко пак, досега сте биле цврсто уверени во некое гледиште за животот, дозволете си себеси да бидете разубедени доколку е можно. Ниеден ваш став не е конечен, може да биде надградуван и изменет, затоа престанете да се ограничувате себеси во кој било поглед. Срушете ги бариерите кои сами сте ги поставиле. Би се изненадиле што сè има зад нив.rn
3. Секогаш може да научите повеќе
rnСтанете наутро со желба да научите повеќе и прифатете го денот како уште едно животно искуство. Без разлика што ќе ви се случи, добро или лошо, може да извлечете лекција од тоа. Бидете подготвени да научите нешто од секоја ситуација и од секоја личност која ќе ве сретне во животот, дури и од 5-годишно дете. Само игнорантните личности мислат дека знаат сè и дека се супериорни, но немаат поим колку многу грешат.rn
4. Луѓето со кои го минуваме времето влијае многу на нас
rnАко се дружите со успешни и упорни личности ќе ве мотивираат да бидете такви. Друштвото влијае наголемо на нашите ставови и гледишта во животот. Ако некогаш изгубите мотивација за успех, тие се тука да ви ја вратат желбата и силата. Доколку чувствувате негативно влијание од некоја личност, имате право да ја избришете од листата на пријатели. Во 20-тите учиме дека многу внимателно треба да ги селектираме луѓето кои би ги нарекле блиски пријатели.rn
5. Во ред е да сте подготвени на пожртвуваност, но сè има граница
rnКако млади личности насочени сме кон градење кариера. Имаме елан и желба за работа, способност да дадеме сè од себе и со цел да постигнеме нешто подготвени сме да се жртвуваме. Ќе го жртвуваме нашето слободно време, ноќите за одмор, моментите минати со семејството и пријателите. Иако е правилно да се биде пожртвуван, амбициозен и насочен кон успех, лесно може да ја поминеме границата. Што се случува ако сме жртвувале едноставно премногу? Не заборавајте дека некои нешта во животот не смееме да ги запоставиме, во спротивно порано или подоцна ќе ја платиме нивната цена. Тоа може да биде нашето нарушено здравје или пријателски односи, дури и семејните врски.rnrn
rn
6. Самите сте одговорни за секоја ситуација во која ќе се најдете
rnСтарите рекле „Што си посеал тоа и ќе жнееш“, или „Како ќе си постелеш така ќе си легнеш“, но ова го рекле со причина. Може да го минете животот обвинувајќи ги сите околу вас но без да го насочите прстот кон самите себе, што е голема грешка. Како возрасни разбираме дека самите сме одговорни за нашите животи, и дека секоја наша постапка ќе донесе последици со кои ќе се носиме самите.rn
7. Многу лекции ќе научите надвор од факултет
rnСите сме го чекале моментот да завршиме со формалното образование, да излеземе и да му покажеме на светот што знаеме. Но, дури тогаш сфаќаме дека многу нешта не сме знаеле. Животот нè учи на многу лекции кои не се запишани во ниеден учебник.rn
8. Не секој кој има авторитет е во право
rnСите имаме личности кои ги сметаме на некој начин за наши идоли. Постојат и личности од кои добиваме наредби и личности кои ја проверуваат нашата работа. Но, не секој кој има авторитет е секогаш во право. Секогаш информациите кои ги добивате земајте ги со доза на резерва. Почитувајте ја личноста, но пред сè размислувајте со своја глава.rn
9. Пороците се пат кон бездна
rnАлкохолот и дрогата се нешто што некои го користат како средство за моментално опуштање и заборавање на проблемите. Но, секој кој им се поклонил на овие „брзи избавувачи“ не завршил добро. Уште поважно, секогаш, без исклучок, страдаат и семејствата и најблиските на оние кои се зависни од овие пороци.rn
10. Ништо во животот не е точно дефинирано
rnСè може да се промени и ништо не останува постојано исто. Се менуваат времињата, условите, начинот на размислување и тоа мора да го прифатиме. Ништо не е конечно и ништо не е дефинирано, мора да научиме да живееме со промените.rnrn
rn
11. Најголем ризик е непреземањето никаков ризик
rnМожеме да останеме во стакленото ѕвоно, на безбедно, на сигурно и никогаш да не заминеме чекор подалеку. Но, може да излеземе од безбедната зона и да дозволиме да ни се случи вистинската магија во животот. Некогаш ризикот ќе се исплати, некогаш не, но затоа се вика ризик.rn
12. Вербата, љубовта и надежта се најголеми двигатели во животот
rnНикогаш не престанувајте да верувате, да љубите и да се надевате, што и да ви се случи и колку и да сте разочарани. Љубовта, верата и надежта се основни двигатели на сечиј живот и гарантираат среќа и исполнетост на секој човек.rn
13. Лошите моменти се неизбежни
rnВо животот секој се соочува со падови и неуспеси, со несреќни мигови и лоши денови. Тие се неизбежни, но имајте на ум дека секогаш може да се исправите и да продолжите понатаму. На крајот на краиштата, она што нема да ве убие, ве прави посилни.rn
14. Бидете промената која сакате да ја видите во светот
rnВашата желба да донесете промена можеби звучи како детски сон, но осврнете се кон луѓето кои го живеат овој детски сон, кои не престануваат да вложуваат и да се трудат да донесат промена. Тие се издвојуваат од толпата. Тие не веруваат дека сè тргнало по ѓаволите, тие веруваат во луѓето и во доброто во светот. Огледајте се на нив.rnrn
rn
15. Не барајте ничија дозвола ни одобрување
rnЛуѓето секогаш ќе зборуваат, што и да направите. Затоа правете го она што го сакате. Оној пак кој ви зборува зад грб, со причина е позади вас.rn
16. Во ред е, и вие сте одлични такви какви што сте
rnНекогаш може да помислиме дека навистина не успеваме во нешто, дека сме можеле да направиме повеќе, дека сме можеле да бидеме подобри. Во ред е. Го давате најдоброто од себе и вие сте прекрасни личности. Тука сте за вашите најблиски, им давате поддршка и љубов и истото го добивате за возврат. Во време кога сите сме ставени под голем притисок да бидеме најдобри, да се истакнеме, да се докажеме, да добиеме титули и признанија на најрана возраст, потребно ни е да чуеме дека е во ред, дека не можеме да бидеме сè или да бидеме совршени, но сосема сме одлични такви какви што сме.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.