КАФЕ ПАУЗА

15 работи што секоја девојка треба да ги направи пред да стапи во брак

15 работи што секоја девојка треба да ги направи пред да стапи во брак

Веќе почнувате да одите по момински забави и свадби на ваши другарки и братучетки и ви станува јасно дека не сте оддалечени од бракот за 1.000 светлосни години како што ви се чинеше до пред некое време. Ова е забавна листа на нешта што секоја девојка треба да ги направи пред да го изговори судбоносното „да“.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги направи пред да стапи во бракrn

1. Вљубете се до уши во погрешниот

rnДа, сите го чекаме г. вистински и совршен, но додека да стигнеш до принцот мора да бакнеш неколку жаби. Тоа може да биде лошо момче кое навистина не ве заслужува, но ќе ве научи на важна лекција во животот.rn

2. Научете се да готвите макар едно јадење

rnНе, не омлет. Земете ги рецептите на вашата баба или мајка и научете совршено да подготвувате макар еден покомплициран оброк.rn

3. Научете како да ја одделувате облеката при перење

rnКоја облека е за рачно перење, која за вриење а која е за на ниска температура. Така ќе се поштедите од многу главоболки и уништени алишта кои биле облечени само еднаш. Со еден збор, станете мајстор во пералната, за ваше добро.rn

4. Стремете се кон работата од вашите соништа

rnНа моменти ќе се чувствувате како кученце кое си ја брка опашката, но во ред е. Важно е да не дозволите нештата за кои сте чувствувале страст да ви се излизгаат низ прсти.rn

5. Патувајте со најдобрите другарки

rnНаучете по неколку поздрави, пцовки и пофалби на јазикот од земјата која ќе ја посетите, спакувајте се и подгответе се за луда авантура.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги направи пред да стапи во бракrn

6. Поминувајте повеќе време со вашата мајка

rnВеќе знаеме дека мајките ни се број 1 личности, и иако некогаш не сме ги разбирале и сме мислеле дека се паднати од Марс, сфаќаме дека ни се многу важни. Научете да ѝ посветувате повеќе внимание на вашата мајка. Договарајте излегувања, шопинг и кафе муабети сè почесто.rn

7. Организирајте го и детоксицирајте го својот живот

rnВозрасни сте, престанете да го нарекувате големиот куп алишта во плакарот организиран. Спремете план за целосна детоксикација на животот, прекинете ги отровните пријателства, прекинете со навиката да пиете премногу по што ве следи мамурлак три дена, и со нездравата исхрана.rn

8. Направете голем предизвик

rnТоа може да биде некој екстремен спорт, или што било од што сте се плашеле. Едноставно сторете го тоа.rn

9. Донирајте го своето време онаму каде што е потребно

rnНаместо да минете неколку часа на социјалните мрежи, волонтирајте. Ќе бидете попродуктивни, задоволни со себеси, ќе стекнете ново искуство и нови пријатели и познаници.rn

10. Научете дека оној кој сака да ве има мора да ве заслужи

rnОва важи за девојките кои не се веќе во врска. Престанете да прифаќате понуди за состанок од типови кои не ви се допаѓаат вистински и не продолжувајте да се гледате со типови кои не се трудат да ве добијат ниту пак се однесуваат кон вас со почит. Заборавете на лигавите додворувања во дискотеките.rn

11. Почнете да штедите

rnЗа патувањето од соништата, за нова кола и слично. Најважно од сè, научете вистински да штедите и да не се откажувате до крај.rn

12. Одредете го вашето мислење за клучните животни прашања

rnКолку деца сакате да имате? Воопшто, едно, две, три или повеќе? Не дека можете однапред да испланирате сè, но гледајте да стапите во брак со човек кој ги сака приближно истите работи како и вие.rn

13. Научете како да одите на штикли и да носите црвен кармин

rnНо, исто така научете да имате доволно самодоверба за да излезете без воопшто шминка. Научете како да реагирате на комплименти, но и дека не ви се неопходни за да бидете среќни.rn

14. Научете да го кажувате вашето мислење

rnТоа е вашиот став и не му должите никому извинување ниту пак оправдување. Вашето мислење може да му биде чудно некому, но тоа не ве засега вам. Ако не се согласувате со нешто, ако некој бара од вас нешто што не можете да го направите, речете „не“.rn

15. И за крај, најважно, научете да кажете „да“

rnЗаслужувате да бидете среќни и сакани, па кога ќе дојде оној вистинскиот за вас и оној вистинскиот момент, речете „да“.