КАФЕ ПАУЗА

Приредете ѝ моминска забава која никогаш нема да ја заборави

Приредете ѝ моминска забава која никогаш нема да ја заборави

Written by

in

,

Нејзината свадба е за неколку недели, а вие сакате да ѝ направите забава која засекогаш ќе ѝ остане во сеќавање. Погледнете ги наредниве неколку идеи кои можат да ви послужат како насока за организирање на одлична моминска забава…rnrnПриредете ѝ моминска забава која никогаш нема да ја заборавиrn

Основен план:

rn

Чекор 1 – Листа на гости

rnКонсултирајте се со неа за листата на гости. И покрај тоа што сте ѝ блиски и ѝ ги познавате сите пријатели и роднини, можеби таа би сакала да додаде некоја личност на која вие не би се сетиле. Исто така доколку сакате забавата да биде навистина добра и да не избега од контрола, погрижете се листата на гости да биде составена само од најблиските и да не надминува повеќе од 10-12 луѓе.rn

Чекор 2 – Време и место

rnОткако ќе ја составите листата, прво одредете датум (ви препорачуваме тоа да не биде веднаш пред свадбата) и веднаш контактирајте ги сите гости за однапред да планираат тој ден да бидат слободни. Што се однесува до местото, прошетајте по вашите омилени кафулиња и прашајте каде ќе ви дозволат да декорирате и потоа според тоа изберете. Секако, не бирајте многу тивко место. Сепак идејата е да се забавувате.rn

Чекор 3 – План за после 1 часот

rnРезервирајте сепаре во вашата омилена дискотека. Танцувајте и забавувајте се и потоа доколку сте помалку на број и сте расположени за авантура одете на железничка станица и купете карти за следниот воз. Без разлика на каде оди. А потоа продолжете во дискотеката во тој град. Велот кој таа ќе го носи на нејзината глава ќе помогне без проблем да влезете во која било дискотека, гарантираме.rn

Детали:

rn

Чекор 1 – Рамка за фотографии

rnТаа нема никогаш да ја заборави оваа вечер. Па, зарем има подобар начин за документирање на спомените од рачно изработена огромна рамка за фотографии. Изработете ја од мали летви и обвиткајте ја со материјал. Во едниот агол ставете машна. Фотографиите ќе бидат и повеќе од забавни.rnrnПриредете ѝ моминска забава која никогаш нема да ја заборавиrn

Чекор 2 – Тема на забавата

rnОдредете нешто интересно и необично. Како на пример, хавајска забава, коктел забава, забава каде што ќе треба сите освен идната невеста да бидат облечени во иста боја… Бидете креативни, направете нешто што никогаш не би го направиле во нормални услови.rn

Чекор 3 – Декорации

rnКупете/направете цветови или машни за во коса за сите гости. Потоа земете балони и хартија во различни бои. Од хартијата исечете различни типови декорации кои ќе бидат закачени на ѕидот покрај балоните, како на пример, фустани, прстени, ѕвезди и слично. Доколку имате дома вишок материјал – чипкa, употребете го за декорација на балоните, чашите и останатите садови за десерти.rnrnПриредете ѝ моминска забава која никогаш нема да ја заборавиrn

Чекор 4 – Вел

rnКупете тијара и материјал за вел. Потоа сошијте го материјалот за тијарата. На тој начин ќе направите таа да се чувствува посебно и да се издвојува од останатите. Ова е нејзина вечер, таа треба да биде во центарот на вниманието.rn

Чекор 5 – Кула од шотови

rnСе покажа дека кулата од шотови е главната атракција на една моминска забава. Договорете се со келнерите да ви направат шејкери во различни бои и наредете ги на послужавник за колачиња кој е на неколку спратови.rnrnПриредете ѝ моминска забава која никогаш нема да ја заборавиrn

Чекор 6 – Стриптизер

rnНиту една моминска не смее да помине без стриптизер. Токму затоа резервирајте еден со кој ќе одите да ја земете идната невеста. Секако, претходно погрижете се да биде сама дома за да не ѝ биде непријатно, но неговото присуство држете го во тајност од неа до самиот крај.rn

Чекор 7 – Десерт

rnНаправете или порачајте разнобојни мафини на кои ќе пишува интересни пораки. Бидете креативни или пак, кажете им на сите гости да напишат нешто интересно за идната невеста. Секако, нејзиниот мафин мора да се разликува од останатите. На пример, за неа можете да направите во форма на штикла.rnrn5-priredete-i-mominska-zabava-koja-nikogash-nema-da-ja-zaboravi-www.kafepauza.mk_rn

Чекор 8 – „To do“ листа за невестата

rnНаправете листа на предизвици кои таа ќе мора да ги исполни до крајот на вечерта. Со други зборови, не смее да си оди дома пред да ги заврши. На пример:rnrn1. Порачај си ја омилената песна и испеј ја на микрофон.rnrn2. Побарај од 3 машки и 2 женски личности да ти напишат совети за бракот и сексот на салфетката.rnrn3. Побарај серенада од случаен минувач на плоштад.rnrn4. Побарај автограм на деколтето од симпатичен дечко.rnrn5. Изиграј егзотичен танц на подиум.rnrn6. Бакни го келнерот/шанкерот во образ.rnrn7. Покани го најзгодниот дечко во дискотеката на танц.rnrnБидете колку што е можно покреативни и не се грижете за реакциите на другите. И на нив ќе им биде исто толку интересно колку и на вас. И секако никој нема да се осмели да ја одбие невестата, ние веќе го проверивме тоа. :)rn

Последни подготовки

rnНеколку часа пред почетокот на забавата одете во кафулето и однесете ги десертите и декорациите. Украсете околу вашата маса и подгответе се за нејзиното пристигнување. Потоа договорете се со стриптизерот и упатете се сите заедно накај нејзиниот дом. Направете таа да не се грижи за ништо во текот на вечерта – нејзината единствена цел е да се забавува и да танцува додека има сила.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.