Сокот од киселите краставички олабавува при грчеви во мускулите, а чајот од куркукма помага повеќе од другите напитоци при болно грло. Ова се 15 пијалаци кои ги имате или можете да ги подготвите дома за да си олесните малку со секојдневните мали здравствени тегоби.rnrn
rn
1. Млеко за опоравување на мускулите
rnМлекото е богато со протеини и затоа е и добар избор за после вежбање. Протеините му помагаат на телото да ги регенерира мускулите после напорното вежбање. Додадете и малку какао во млекото, затоа што чоколадното млеко дава уште подобар ефект.rn
2. Зелен чај и сок од грејпфрут за слабеење
rnОва не се чудесни напивки кои преку ноќ ќе ве направат витки, но ќе му помогнат на метаболизмот подобро да си ја врши работата. Во комбинација со физичка активност и балансирана исхрана, зелениот чај и сокот од грејпфрут даваат одлична поддршка на губењето килограми.rn
3. Пиво за подобра циркулација
rnПивото ги опушта крвните садови и на таков начин ја подобрува циркулацијата на крвта. Важно е да не се претерува со него, 250мл на ден се сосема доволно.rn
4. Сок од вишни пред долго трчање
rnЉубителите на трчањето на долги патеки имаат корист од сокот од вишни, и тоа оној домашниот кој не е полн со шеќери. Тој делува како енергетски пијалак за време на трчањето и помага во опоравувањето на мускулите откако тренингот ќе заврши.rn
5. Чај од ѓумбир за смирување на желудникот
rnЃумбирот добро делува на слузницата на желудникот и успева добро да ја смири мачнината во него.rn
6. Чај од куркума за болно грло
rnЗа болното грло важно е да се пијат што е можно повеќе течности, затоа што сувото грло боли. Чајот од куркума е малку подобар избор затоа што добро делува на слузницата и со тоа го намалува гребењето на грлото.rn
7. Кокосово млеко за рани во устата
rnКокосовото млеко е вашиот сојузник во борбата со инфекциите во усната шуплина. Може да правите гаргара со него или само да го испиете.rn
8. Пијалак со алое вера за празнење на цревата
rnАлое верата е одличен лаксатив. Таа ја поттикнува работата на цревата и ги тера да се испразнат.rn
9. Јогурт за имунитет
rnЈогуртот содржи пробиотски бактерии кои го прават многу здрав и добар за подобрување на имунитетот. Тој дава свој придонес во намалувањето на воспаленијата и уништувањето на инфекциите.rn
10. Камилица за подобар сон
rnЧајот од камилица е познат по тоа што ги опушта нервите и на тој начин овозможува полесно заспивање. Важно е чајот да не биде засладен, затоа што шеќерот го буди организмот.rn
11. Сок од лимон за енергија
rnИако го препорачуваат за моментите кога веќе сте настинати, тогаш веројатно веќе е доцна за најдоброто што сокот од лимон може да го даде. Пијте го кога сте здрави, затоа што тогаш витаминот Ц ќе ви ја зголеми енергијата и ќе даде придонес во заштитата од болестите.rn
12. Смуди од банана против мамурлак
rnВодата е нејнеопходниот пијалак за време на мамурлак затоа што нема ништо слично што може да ве опорави од дехидратацијата. Бананата, односно смудито од банана, ќе го помогне тој процес благодарение на витаминот Б и калиумот кои ги содржи.rn
13. Вода при непријатен здив
rnДехидрирањето во устата е совршена прилика за развој на некои бактерии кои создаваат лош здив. Водата помага да се спречи тоа, додека другите пијалаци можат само да ја влошат природната ПХ вредност.rn
14. Вода со сода бикарбона за подуеност
rnЧетвртина лажица сода бикарбона измешана во 200 мл вода може брзо да ги реши вашите проблеми со подуеност во стомакот.rn
15. Сок од кисели краставички за грчеви во мускулите
rnНе е највкусниот пијалак на светот, но сокот во кој стојат краставичките може да ви ја олесни ситуацијата кога се мачите со грчеви во нозете. Тој помага при чистењето на некои киселини од организмот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.