Веројатно многумина кога ќе наполнат 50 години веќе се чувствуваат како да стапнале со едната нога во гроб, но не е баш така. Напротив, постојат неколку корисни страни на стареењето.rnrn
rn
1. Помалку мигрени
rnОние кои страдаат од мигрени знаат дека не постои ништо полошо од болката и мачнините кои поради нив често ги чувствуваат. Но, добра вест е што мигрените постануваат поблаги со годините.rnrnШведските научници откриле дека скоро 1/3 од луѓето кои пателе од мигрена, во својата 55-та година веќе немале такви проблеми. Дури 80% од луѓето со мигрена, имаат ублажување на симптомите во староста со двојно намалување на времетраењето на нападите.rn
2. Помала потрошувачка на шампон
rnИако би можеле да се пошегуваме дека е логично помалку коса да бара и помалку шампон, всушност овде се работи за нешто друго. Имено, со стареењето се стеснуваат жлездите поради кои косата ни се масти. Накратко, тоа значи поретко миење на косата.rnrnАко мислите дека тоа истовремено значи и дека скалпот набрзо ќе ви стане пресув, имаме една препорака за вас – само ставете некое етерично масло и проблемот е решен. Многу подобро од пречестото миење на косата со шампон.rn
3. Помалку настинки
rnМожеби на прв поглед не ви делува логично дека со стареењето се станува поотпорен на настинки, но статистиките покажуваат дека луѓето по 60-тата најмалку подлегнуваат на таков вид болести. Возрасните лица настинуваат 2-4 пати годишно за разлика од децата кои ги фаќа настинка 6-8 пати во годината.rnrnОбјаснувањето е многу едноставно – колку сме постари, толку повеќе вируси имаме прележано, па затоа и сме имуни на нив.rn
4. Појаки заби
rnОна што ќе го зачувате од вашите заби до педесеттите веројатно ќе ви остане во добра состојба и понатаму. По вашиот 50-ти роденден, забните нерви стануваат поотпорни на кариес и други проблеми. Секако, и понатаму мора да се грижите за забите, но поретко ќе имате проблеми со нив.rn
5. Животно задоволство
rnСтресот на секојдневието е огромен проблем, но анкетите велат дека 85-годишните старци се чувствуваат посреќни одошто кога имале 18 години. Животното незадоволство опаѓа после 50-тата.rnrnПа ете, не чекаат низа добри нешта кога ќе остареме.