Сите имаме по некоја навика што на другите им оди на нерви. А ако ги прашаме ѕвездите, секој хороскопски знак има своја „специјалност“. Секако, ова е само за забава – но можеби некој ќе се препознае малку повеќе од очекуваното.
Овен – Нема трпение за ништо
„Ајде побрзо!“ е неговата животна филозофија. Ако нешто трае подолго од пет минути, Овенот веќе нервозно гледа во часовникот.
Бик – Никогаш не признава дека греши
Можете да донесете факти, докази и тројца сведоци. Бикот ќе ве сослуша и мирно ќе заклучи: „Да, ама сепак јас сум во право.“
Близнаци – Менуваат планови во последен момент
Во 18 часот излегуваат. Во 18:15 не им се оди. Во 18:30 сепак доаѓаат. Во 19 часот предлагаат сосема друго место. Само следете ги.
Рак – Вели „ништо не ми е“, кога очигледно нешто му е
Ќе прашате трипати што се случило и ќе добиете: „Ма ништо.“ Но начинот на кој е кажано „ништо“ јасно ви кажува дека сте во сериозна неволја.
Лав – Секоја приказна некако завршува со него
Му раскажувате што ви се случило, а по две минути слушате: „Ех, истото мене кога ми се случи…“ И одеднаш вашата приказна повеќе не е ваша.
Девица – Поправа сè и секого
Погрешно сте кажале збор? Ќе ве поправи. Нешто стои накриво? Ќе го намести. Не сте побарале совет? Нема врска – ќе го добиете.
Вага – Не може да донесе одлука
„Каде сакаш да јадеме?“
„Сеедно ми е.“
Предлагате место.
„Еее, само таму не.“
И така започнува едночасовната потрага по ресторан.
Скорпија – Не заборава ништо
Можеби ви простила, но тоа не значи дека заборавила. Во следната расправија може да добиете потсетување за нешто што сте го направиле пред шест години.
Стрелец – Прво зборува, потоа размислува
Не сака да навреди никого – само понекогаш искреноста излегува од устата пред мозокот да успее да ја провери.
Јарец – Од сè прави обврска
Имате слободен викенд? Одлично време да завршите седум работи! Јарецот може дури и од одморот да направи распоред со задачи.
Водолија – Исчезнува без објаснување
Денес разговарате цел ден, утре ја нема никаде. По три дена се појавува со „Еј, што правиш?“ како разговорот никогаш да не прекинал.
Риби – Премногу анализираат ситници
„Зошто ми напиша ‘океј’ наместо ‘океееј’? Дали е лут?“ Од една порака можат да создадат 14 сценарија, три можни расправии и цела љубовна драма.


