КАФЕ ПАУЗА

15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

Без разлика дали се обидувате да ја намалите својата тежина или да ја задржите истата, овие неколку трикови од нутриционистот Хедер Бауер ќе ви помогнат да го забрзате вашиот метаболизам и да пристигнете до својата цел многу побрзо.rn

1. Пијте многу вода

rnПиењето 8 чаши вода дневно е повеќе од доволно за вашето здравје. Водата исто така помага при одржување на тежината и забрзување на метаболизмот.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

2. Одржувајте го нивото на калциум

rnИстражувањата за проблемите со зголемената тежина, покажуваат дека ниските нивоа на калциум можат да го активираат хормонот кој предизвикува задржување на мастите кои би требало да бидат исфрлени. Нискокалоричните млечни производи можат да ви помогнат многу со одржување на калциумот.rn

3. Избегнувајте ги алкохолните пијалаци

rnИзлегувањата со друштвото и доцните забави проследени со многу алкохол влијаат на вашиот метаболизам наредниот ден. Истражувањата покажуваат дека наредното утро вашиот метаболизам е значително забавен и во комбинација со мамурлакот се создава двојна катастрофа во вашиот организам.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

4. Намалете го стресот

rnСтресот го зголемува нивото на кортизол во вашето тело. Кортизолот е хормон, кој му дава команда  на организмот да ги задржува маснотиите при интензивни стресни ситуации. Пробајте со јога или медитација да го намалите стресот и да се смирите себеси.rn

5. Јадете редовно

rnРедовното јадење помага при создавање ред во вашето тело. Доколку прескокнувате оброци, се забавуваат главните функции на вашиот метаболизам. Во моментите кога сте гладни, а немате време или можност за целосен оброк, доволно е да изедете барем малку овошје, зеленчук или да се напиете  јогурт. Со изгладнувањето ги саботирате сите напори за одржување на телесната тежина.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

6. Намалете со диеталните пијалаци

rnИ покрај тоа што имаат помалку калории и изгледаат како лесен начин за намалување на тежината, диеталните пијалаци можат да имаат негативни ефекти врз вашиот метаболизам. Водата е многу подобар избор, но ако веќе сте одлучиле пробајте да ја ограничите консумацијата на најмногу 2 чаши неделно.rn

7. Спијте редовно

rnСпиењето од 6 до 8 часа секоја вечер е од голема важност за поздрав метаболизам. Секое спиење под 6 часа влијае врз способноста на вашето тело да согорува калории. Можеби ќе се  изненадите, но и премногу спиење може да го има истиот ефект. Најдобро за вас би било доколку пробате да одржувате константност при спиењето и да се будите отприлика во исто време секое утро.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

8. Вежбајте на ладно

rnПравењето какви било кардио-вежби во поладна просторија ќе ја зголеми способноста на кафените маснотии во вашето тело. Новите истражувања покажуваат дека овој вид маснотии помага при согорување на белите маснотии во вашето тело, кои се познати како „лоши маснотии“.rn

9. Излегувајте почесто на сонце

rnИстражувањата покажуваат дека кога една личност  поминува подолго време во затемнета и безживотна околина, се стимулираат оние психолошки функции во телото кои се појавуваат при добивање зголемена тежина или подолго спиење. Искористете го периодот помеѓу 11 и 15 часот за дневна прошетка. На тој начин ќе ја зголемите енергијата, ќе ја подобрите работата на срцето и свежиот воздух ќе има позитивно влијание на вашиот организам.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

10. Пијте чај од Комбуха

rnОвој чај кој е направен од црната Комбуха печурка, денес има голема примена во медицината. Тој помага за најразлични видови проблеми, од намалување на артритис до детоксикација на црниот дроб. Токму таа способност за детоксикација на овој вид чај, може да ви помогне во одржување на вашиот метаболизам.rn

11. Почнете да вежбате со тегови

rnСо зголемување на мускулната маса, вие го забрзувате и вашиот метаболизам за околу 40%. Не е потребно да претерувате со тежината на теговите, доволно е да употребувате полесни тегови со поголемо повторување на вежбите. На тој начин ќе ја зголемите мускулната маса и вашето тело побрзо ќе ги согорува маснотиите.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

12. Повеќе витамин Ц

rnВитаминот Ц и калциумот се „партнери во криминал“ кога станува збор за брзината на вашиот метаболизам. Калциумот го забрзува метаболизмот, додека пак витаминот Ц му помага на телото при апсорбирање на минералите со што се создава победничка ситуација.rn

13. Пијте зелен чај

rnСостојките во зелениот чај имаат уникатна способност за забрзување на вашиот метаболизам. Меѓутоа за да ги забележите ефектите од зелениот чај треба да пиете од 4 до 5 чаши дневно.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

14. Витаминот Б е клучот

rnВнесувањето на витамин Б во вашиот организам преку јадење мали количини на ореви, бадеми, сончоглед, говедско месо и риба, може многу да помогне при одржување на здрав метаболизам. Недостатокот на овој витамин негативно влијае на вашата енергија.rn

15. Јадете риба

rnРибите како туната и лососот содржат масти кои го зголемуваат лептинот во телото, хормонот кој е задолжен за регулирање на апетитот.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизам