КАФЕ ПАУЗА

14 позитивни страни на бременоста

Иако можеби веќе ги знаете и доживувате убавините на бременоста, ви презентираме уште неколку предности од оваа состојба. Понекогаш може да е тешко да се размислува на овој начин, сепак не се обесхрабрувајте – бременоста е време кога навистина можете да уживате во низа предности.rnrn14-pozitivni-strani-na-bremenosta-kafepauza.mkrn

1. Скоро цело време сјаете

rnВи изгледа како да не е така? Макар и со неколку килограми повеќе, па и покрај тоа што можеби не се чувствувате баш најдобро, повеќето луѓе ќе ви кажат дека бременоста ви прилега и дека сјаете со позитива.rn

2. Облека за трудници

rnОблеката за трудници е закон, а да не зборуваме колку е удобна и дека во неа ќе се чувствувате одлично. Токму затоа во последните месеци од бременоста, кога тренерките кои мислевте дека ви се удобни ќе ги замените со специјална облека за трудници, ќе се чувствувате уште поудобно.rn

3. Нема веќе мамурлак

rnМожеби делува предолго да се издржи 9 месеци без чашка алкохол, но гледајте од позитивната страна, тоа значи и дека нема мамурлаци, непроспиени ноќи и слично.rn

4. Често сте центар на внимание

rnИако не звучи забавно, факт е дека секој со кого ќе разговарате ќе спомне и ќе ве праша нешто за вашата бременост. Ова е време кога можете да уживате во својата популарност и заинтересираност на луѓето за вас. Да, може да биде малку напорно, но сепак е супер.rn

5. Сопругот ќе ве размази

rnОсвен ако не сте во брак со најлошиот човек на светот, овие девет месеци се период кога мора да ви удоволува буквално во сѐ. Ако посакате сладолед доцна во ноќта или масажа на стапалата, тој едноставно мора да биде тука за вас. Соочете се со тоа – тој ќе го види најлошото од вас, но сѐ што сакате едноставно треба да го побарате со насмевка.rn

6. Секогаш имате каде да седнете

rnВо тие месеци никогаш нема потреба посебно да нагласувате дека сакате да седнете, бидејќи јасно се гледа. Па затоа, голема е веројатноста дека луѓето ќе ви ослободуваат место во автобус, ќе ве пуштаат преку ред на шалтерите и ќе добиете можност да ги искористите брзите каси во големите маркети.rn

7. Имате повеќе пријатели

rnМожеби некоја пријателка е бремена во исто време па ќе ги интензивирате контактите или ќе одите на вежби каде ќе запознавате други жени кои поминуваат низ истото. Тоа е еден начин како можете да стекнете нови пријатели.rn

8. Големи гради

rnАко сте незадоволни со големината на вашите гради, голема е веројатноста дека во бременоста тоа ќе се промени. Големите гради се нешто што дури и да сакате, во бременост не можете да го избегнете.rn

9. Здравиот начин на исхрана ви станува навика

rnСо самото сознание дека сте бремена, ќе почнете малку поздраво да се храните и повеќе да внимавате што внесувате во своето тело. Навистина може да ви дојде желба сенешто да каснете, но тоа е дозволено доколку е во одредени граници.rn

10. Темелно чистење на домот

rnКога ќе ви се ближи терминот ќе имате потреба сѐ во домот да биде што почисто, дезинфицирано и средено.rn

11. Имате убава коса

rnНа жените во текот на бременоста навистина им се подобрува косата заради порастот на хормоните. За жал, тоа е само привремено, додека не се породите.rn

12. Шопинг

rnОблека за бебето, играчки и уште многу други работи. Па потоа плус нова облека за вас. Ова е време кога можете да купувате без грижа на совеста, секако ако не претерувате во тоа.rn

13. Носител на добри вести

rnНе постојат поубави вести од оние кога некому треба да му соопштите дека чекате бебе. Подгответе се за многу прегратки и насмевки, честитки и по некоја солза-радосница.rn

14. Клоцање во стомакот

rnТоа е знак дека бебето е тука. Има нешто посебно во бебешките удари и затоа впивајте ги со сите сетила и уживајте во нив колку што можете.