Во животот постојат голем број непишани правила што сите би требало да ги знаат, но за жал многумина никогаш не ги почитуваат. Генерално гледано, станува збор за едноставни норми што поттикнуваат љубезно и добро однесување. Во продолжение, прочитајте кои правила би требало да станат дел од вашето секојдневие…rnrn
rn
1. Ако некој ви ја придржи вратата, заблагодарете се
rnВоопшто не е тешко да се покаже благодарност. Без разлика дали навистина го мислите тоа или не, некој се обидел да ви помогне. Ништо нема да изгубите ако бидете љубезни.rn
2. Не треба да си планирате дека ќе седите на совозачкото седиште, освен ако не сте веќе надвор пред возилото
rnПрестанете да им кажувате на сите дека вие ќе седите напред, а сѐ уште не сте ни тргнале од дома. Тоа е некултурно. Сите заслужуваат да седат на совозачкото седиште.rn
3. Ако не знаете да го паркирате возилото, не го ни возете
rnАко треба да заземете 2 паркинг места за да се паркирате, тоа е знак дека не знаете што правите. Немојте да возите возило кое не знаете да го управувате. Држете се до она што го познавате.rn
4. Не галете нечие куче без прашање
rnНикогаш немојте да галите нечие куче без да побарате дозвола. Ова особено важи за непознати луѓе. Само затоа што некој одлучил да си го прошета кучето, не значи дека смеете да го допирате. Доколку вие чувате куче, секогаш шетајте го врзано на синџир. Никогаш не можете да знаете дали ќе налетате на човек кој се плаши од кучиња.rn
5. Ако скенерот не може да прочита некој производ на каса, не прашувајте дали е бесплатен
rnНе, не е бесплатен и не, не сте смешни. На тој начин, само ја ставате касиерката во незгодна ситуација. Престанете со ова!rn
6. Не одете преку ред
rnУште од мали години нѐ учат да си го чекаме редот, но и покрај тоа, сѐ уште постојат луѓе кои не го почитуваат ова правило. Ако не сте дошле порано, не заслужувате да бидете послужени пред сите останати.rn
7. Обидете се да препознаете кога не сте добредојдени
rnНемојте да одите со некого на некое место, ако не сте биле поканети. Исто така, ако некој ве поканил некаде, немојте да поканувате други луѓе да дојдат со вас. Не бидете некултурни.rn
8. Оставете ги на мира луѓето кои носат слушалки во јавност
rnЛуѓето кои носат слушалки во јавност не сакаат да разговараат со вас. Оставете ги на мира. Ретко кога непознати луѓе сакаат да си прават муабет. Секако, дека треба да ги предупредите доколку им се заканува некаква опасност, но немојте да почнувате разговор ако тие се обидуваат да ве игнорираат на учтив начин.rnrn
rn
9. Кога некој ќе ви покаже фотографија на телефон, немојте сами да си ги разгледувате и другите фотографии
rnНа овој начин, нарушувате нечија приватност. Ако човекот сакал да ги видите и другите фотографии, ќе ви ги покажел.rn
10. Не менувајте пелени на места каде што луѓето јадат
rnОва не би требало ни да се спомнува, но очигледно се случува во реалноста. Не ја менувајте пелената на вашето дете на места каде што луѓето јадат.rn
11. Измијте ги рацете пред да излезете од тоалет
rnИ ова правило го знаеме уште од деца. Не бидете одвратни и измијте ги рацете откако ќе „завршите со работа“. Тоа ќе ви одземе само 1 минута.rn
12. Ако имате лош ден, не значи дека и на другите треба да им го уништите денот
rnНикогаш не смеете да ја истурате вашата лутина и фрустрација на луѓето кои се грижат за вас. Можете да имате лош ден и без да дозволите тоа да влијае на сите околу вас.rn
13. Никогаш не ги обвинувајте другите за вашите постапки
rnМора да преземете одговорност за работите што ги правите. Ако нешто се случило по ваша вина, признајте го тоа. Со тоа што ќе ги обвините другите, само ќе предизвикате непотребна драма.rn
14. Не ги прашувајте жените дали се бремени, особено ако не ги познавате
rnСамо затоа што некоја жена изгледа бремено, не значи дека тоа е навистина така. Крупните жени знаат дека имаат стомаче, не мора да ги потсетувате на тоа. На овој начин не сте забавни, туку некултурни и досадни.rn
15. Вратете ја количката за пазарење на соодветното место, а не таму каде што ќе стигнете
rnКоличките за пазарење понекогаш навистина се насекаде. Ако користите количка, вратете ја таму каде што треба. Не ја оставајте каде што ќе стигнете.rn
16. Ако некој не може да си го поправи изгледот за неколку секунди, не го спомнувајте тоа
rnСекако дека треба да ѝ кажете на пријателката доколку има нешто меѓу забите, но кажувајте работи од типот „Многу ти се криви забите“ или „Треба да ослабиш“. Луѓето се свесни за своите недостатоци, не мора да ги истакнувате.rn
17. Кога делите пица со повеќе луѓе, смеете да го земете првото најголемо парче, но не и останатите
rnМора да го запомните ова правило! Во ред е да земете едно големо парче пица, но не смеете да ги земете сите. Сите заслужуваат да добијат подеднакво количество храна.rnrnДоколку сакате да си го подобрите животот, прочитајте ги и следниве животни правила.