37 работи за кои ќе ви биде жал кога ќе остарите

Сподели

Многу луѓе живеат со мотото дека сè се случува со причина, и нема потреба од жалење за некои работи. Но за поголем дел од луѓето свртувањето кон минатото може да ги натера да размислат што би се случило доколку направеле нешто различно. Еве ги работите за кои е најверојатно да ви биде жал кога ќе остарите, па обидете се да не ги пропуштите со време.

Реклама

rn

1. Останувате во врска во која не треба

rnНе го трошите вашето време на врска со грешна личност. Дозволете си да излезете од лошата врска и продолжете натаму.rn

Реклама

2. Не користите крема за заштита од сонце

rnРакот на кожата не е за шегување и некој не сака брчки. Направете си услуга и одвојте неколку минути да ја заштитите вашата кожа пред да излезете на сонце.rn

3. Не патувате

rnСветот е големо место и има толку многу места што треба да се видат. Па немојте да се плашите да прошетате и да видите што сè има да ви понуди.rn

4. Не се тргате од токсични пријатели

rnПријателите треба да ве расположат, а не спротивното. Не заглавувајте со лоши пријатели.rn

Реклама

5. Не сте го слушнале омилениот бенд во живо

rnПрестанете да си кажувате дека ќе одите следниот пат. Ќе дојде денот кога ќе нема повеќе време и ќе зажалите што сте ја испуштиле вашата шанса толку многу пати.rn

6. Лесно се откажувате

rnПонекогаш работите се тешки, но тоа не значи дека треба да се откажете од вашите соништа. Продолжете натаму и никогаш не се знае, можеби наградата ќе биде повеќе од очекуваното.rn

7. Се грижите за сè

rnГрижата никогаш нема да среди нешто. Обидете се да ги прифатите работите онакви какви што се.rn

8. Не поминувате време со пријателите и семејството

rnНикогаш не знаете што може да се случи во животот. Прегрнете ги вашите сакани и поминувајте време со нив додека сè уште можете.rn

9. Не создавате контакти

rnНе знаете што може да се случи кога ќе ја сретнете вистинската личност. Излезете и создадете нови пријателства со вистинските личности.rn

10. Воопшто не ризикувате

rnНе испуштајте некоја одлична можност само затоа што се плашите од она што би можело да се случи.rn

11. Премногу работите

rnДали кога ќе лежите на смртна постела ќе посакате повеќе да сте работеле на работата што ја мразите? Веројатно не.rn

12. Заборавате да застанете на ваша страна

rnНе дозволувајте да ве поттурнуваат. Понекогаш треба да се браните себеси и она во што верувате.rn

13. Не сте научиле да го правите омиленото јадење

rnУчењето на само еден одличен рецепт ќе ве направи главен готвач во семејството и меѓу пријателите.rn

14. Не ги слушате приказните на вашиот дедо

rnНашите баби и дедовци имаат толку многу информации и знаење кое можат да ни го пренесат. Слушајте ги бидејќи никогаш не знаете што ново може да научите.rn

15. Не ги миете вашите заби

rnЗабите се многу важни и потсетете се колку сте мизерни кога ве боли некој заб. Редовно мијте ги забите и целосно избегнете ја болката.rn

16. Гневни сте на вашите сакани

rnГневот само ве повредува. Не трошете многу време лутејќи се некому за нешто што се случило одамна.rn

17. Живеете во минатото

rnСегашноста е многу поважна. Оставете го минатото и фокусирајте се на она што е и она што ќе биде.rn

18. Заборавате да се поддржите

rnВашите соништа и желби се важни. Не плашете се барем еднаш да одите по она што го сакате.rn

19. Премногу ги слушате мислењата на другите

rnЕдинственото мислење што е важно за вас и вашиот е живот е вашето.rn

20. Ги игнорирате советите на родителите

rnТие навистина знаат повеќе.rn

21. Заборавате да кажете „Те сакам“

rnМногу е важно да им кажете на другите колку ви значат.rn

22. Не ја цените вашата убавина

rnВие сте убави и однатре и однадвор. Трошите премногу време грижејќи се како изгледате наместо да ги цените работите кои ве прават уникатни.rn

23. Мрзливи сте на училиште

rnОбразованието е премногу важно за да туку-така да го „откачите“. Обрнувајте внимание и можеби навистина ќе научите нешто.rn

24. Останувате на работно место кое е „ќорсокак“

rnИскрено, само си ги трошите времето и нервите.rn

25. Се покорувате на половите разлики

rnНе е важно дали сте маж или жена, вие можете да направите сè што сакате.rn

26. Не се грижите за вашето здравје

rnВашето тело се грижи за вас најдобро што може, па зошто да не ја возвратите услугата?rn

27. Премногу се плашите од сè

rnСветот е страшен, знаеме. Но не дозволувајте тоа да ве спречува во исполнувањето на вашите желби.rn

28. Не сте научиле нов јазик

rnДа, тешко е, но вреди!rn

29. Додека сте млади мислите само за себе

rnВие не сте центарот на универзумот.rn

30. Го трошите вашето време

rnВремето е кратко и премногу драгоцено за само залудно да го потрошите.rn

31. Заборавате на можноста за волонтирање

rnВолонтирањето е одличен начин да дадете нешто за возврат. Помогнете светот да стане подобро место и помогнете некому кому навистина му треба помош.rn

32. Не живеете во моментот

rnНишто не е како сегашноста!rn

33. Не се опуштате на забавите

rnНема ли да биде одлично барем еднаш вие да бидете „животот“ на забавата?rn

34. Дозволувате вашата култура да ве дефинира

rnНе е важно од каде сте и какво е вашето потекло. Вам ви е дозволено да правите што сакате и да бидете онаа личност каква што сакате да бидете.rn

35. Почнувате кавги

rnКавгите се само огромно и залудно трошење на вашето време.rn

36. Не го надминувате стравот од јавен настап

rnНикој не сака јавно говорење, но зошто да не ризикувате и да му покажете на светот што можете?rn

37. Не цените

rnНавистина е лесно да ги испуштите сите добри работи во животот. Одвојте време за да го цените она што го имате.

Прочитајте ги и овие предупредувања за животот од луѓе во длабока старост.

Содржина /затвори

Најново

Може ќе ве интересира