Вежбите со ластик за фитнес се навистина едноставни, ќе ви помогнат да постигнете одлични резултати и можете да ги правите секаде. Ако сакате вежби за целото тело, нема потреба да одите во теретана или да купувате опрема за вежбање. Ластикот е ефективна алатка којашто ќе ви помогне да ги развиете вашите мускули користејќи ја силата на отпор. Имајте на ум дека постојат 2 вида ластик за вежбање – едниот е како круг, а другиот е многу подолг и има слободни краеви. За овие вежби ви е потребен вториот вид, но за некои вежби можете да го направите и во форма на круг.rn
1. Замавнување со ногата
rn
rnrn
rnrnПоставете го ластикот над глуждовите. Колку е помал кругот, толку е потешка вежбата. Замавнувањата можете да ги правите настрана, нанапред и наназад. Направете по 10-15 повторувања за секоја нога.rn
2. Исчекор настрана
rn
rnrnЗастанете со стапалата оддалечени колку рамената. Поставете го ластикот над колената. Направете чекор настрана и повторете 10-15 пати со секоја нога.rn
3. Чучнувања
rn
rnrnОставете го ластикот во истата положба и правете обични чучнувања. Повторете 15-20 пати.rn
4. Исчекор
rn
rnrnЗастанете со едното стапало врз ластикот, а со рацете фатете ги краевите. Направете по 10-15 исчекорувања со секоја нога.rn
5. Колена кон градите
rn
rnrnОваа вежба е малку потешка, но е одлична за мускулите на нозете и стомакот. Фатете го крајот на ластикот со рацете, поставете ги рацете во положба за планк и доближувајте го коленото до градите. Направете 5-10 повторувања со секоја нога.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn