Третата декада од нашиот живот ни носи многу добри нешта. Тогаш го развиваме чувството на зрелост, до некој степен ја имаме нашата финансиска сигурност и сè уште сме исполнети со енергијата којашто сме ја имале во нашите 20-ти, па затоа не случајно се вели дека 30-тите години се едни од најплодните години во нашиот живот.
Но, постојат неколку работи коишто родителите во нивните 40-ти години посакуваат да ги направиле во нивните 30-ти. Денес ви издвојуваме дел од нив.rn
1. Да поминуваат повеќе време со нивниот партнер
rnЖивотот може да биде премногу зафатен кога ќе станете родители. Во текот на вашите 30-ти години вие ќе поминувате поголем дел од времето посветувајќи го на вашите деца, до тој степен што дури понекогаш можете и да заборавите дека вашиот партнер е исто така вашиот животен сопатник. Поминувањето време со вашите сакани за време на оваа декада може да ви помогне многу во подлабокото и подоброто разбирање на вашите односи.rn
2. Да имаат свое хоби
rnМожеби отсекогаш сте имале желба да свирите на гитара или пак да научите некои нови вештини, но со текот на годините тоа станало незамисливо за вас затоа што повеќе време сте посветувале во избирањето хоби за вашето дете. Но, не заборавајте на себе и запомнете дека учењето нови вештини како и практикувањето одредено хоби може да биде најдобриот спомен од вашите 30-ти.rn
3. Да штедат за своите деца
rnОва подразбира штедење средства коишто ќе бидат наменети единствено за трошоците на децата. Иако никогаш не е доцна да се штеди, поголема предност имаат родителите коишто започнале да штедат во своите 30-ти.rn
4. Да вежбаат
rn40-тите години претставуваат уникатна фаза во вашиот живот. Во текот на оваа фаза метаболизмот станува побавен, па дури тогаш ја сфаќате важноста од вежбањето во вашите 30-ти. Не заборавајте дека дури и мала утринска прошетка би ви била од голема корист.
rn
5. Да ги читаат своите омилени книги
rnВо вашите 40-ти години, повеќето од вашето читање ќе биде на работа или дома, читајќи ги учебниците на вашето дете. Во оваа фаза времето поминува бргу, па во тие моменти ќе посакувате барем малку повеќе да читавте во вашите 30-ти. За среќа, ова е нешто што сè уште можете да го направите, споделувајќи романтични поеми со вашиот партнер или пак изнаоѓање одлична статија којашто ќе можете заеднички да ја прочитате на интернет.rn
6. Да го одржуваат кругот на пријатели
rnУлогата на родител го намалува времето расположливо за дружење со вашите пријатели. Тогаш сфаќате дека вашиот круг на пријатели е далеку помал отколку кога сте биле во вашите 20-ти. Сепак, доколку во вашите 30-ти одржувате контакт со повеќето ваши пријатели, посигурно е истите да останат покрај вас и понатаму.rn
7. Да патуваат на нови места
rnПатувањето е одличен начин за запознавање и учење нови нешта. Во вашите 40-ти децата ќе заземаат најголем дел од вашето време и пари. Од друга страна, во вашите 30-ти години можете да си дозволите повеќе патувања на различни делови од светот.rn
8. Да уживаат во малите нешта коишто ги нуди животот
rnПронајдете начин за да уживате во малите радости коишто ги нуди животот, пред да се втурнете во семејните обврски и одговорности.rn
9. Да се одлучат за работата којашто ја сакаат
rnКога ќе станете родител, вие ќе имате тенденција да се држите до истата работа, дури и ако не ви се допаѓа, со цел да ја одржувате стабилноста на вашето семејство.
rn
10. Да работат на доброволни цели
rnВо вашите 30-ти имате време, ресурси и енергија за да им помагате на другите, а тоа за возврат ќе ви донесе поголемо чувство на задоволство и исполнување во вашиот живот.rn
11. Да истражуваат за училиштето и образованието
rnКога вашите деца ќе ја достигнат училишната возраст, работите можат да ви изгледаат големи и застрашувачки. Истражувањето направено пред тоа во врска со нивното образование може да ви биде од голема помош, а за тоа најдобро време се вашите 30-ти.rn
12. Помалку да се плашат од улогата на родител
rnВо текот на своите 30-ти вие ќе имате многубројни прашања во врска со многу работи за родителството, како и постојано чувство на несигурност.rn
13. Да читаат литература за деца
rnОва е нешто за што повеќето родители жалат во нивните 40-ти. Секогаш е одлично да се знае некоја приказна којашто би ја споделиле со вашите деца пред да заспијат.
Патем, ова не е никогаш доцна да се започне. Како што велат, 40-тите се новите 30-ти!


