За првото дете родителите имаат енергија и надеж, а се посветени и на идејата дека сѐ мора да направат да биде совршено. Меѓутоа, потоа го добиваат и второто дете и сфаќаат дека некои работи може да претрпат и промени. Погледнете ги овие 10 споредби помеѓу првото и второто дете кои ќе предизвикаат насмевка кај родителите, кои пак ќе се пронајдат во барем еден од наведените примери.rnrn
rn
1. Храна
rnПрво дете: Свежо подготвено овошје, зеленчук, готвени јадења, мени каде што не постои место за брза храна. Барем до моментот кога вие не гледате, а некој од вашите блиски ќе му подаде нешто за грицкање.rnrnВторо Дете: Остатоци од ручекот, смоки, сендвичи, сок…rn
2. Облека
rnПрво дете: Облека од стопроцентен памук, докажани производители.rnrnВторо дете: Веќе носена облека од постариот брат или постарата сестра.rn
3. Бањање
rnПрво дете: Секоја вечер во бања со соодветна големина, со најдобриот природен гел наменет за бебиња.rnrnВторо дете: Два пати неделно. Останатите денови делумно миење или можеби туширање.rn
4. Рутина на заспивање
rnПрво дете: Покриено со омиленото детско ќебе, приспивна песна и заспивање секоја вечер во исто време. Строго почитување на правилата, затоа што тоа им овозможува сигурност на децата.rnrnВторо дете: Заспива со шише или цуцла во устата, на каучот, во 10 часот навечер.rn
5. Пријатели
rnПрво дете: Организирани средби, договори со мајките од паркот за идни дружења.rnrnВторо дете: Пријателите на постариот брат или постарата сестра.rnrn
rn
6. Играчки
rnПрво дете: Дрвени играчки, со врвен квалитет со потекло од земјите во Европската Унија.rnrnВторо дете: Играчка автомобил произведена во Кина, важно е да има нешто негово и ново.rn
7. Правила за телевизорот
rnПрво дете: Само програми за деца, ограничено време во денот.rnrnВторо дете: На две и пол години има свој таблет, знае како да гледа фотографии на мобилниот телефон и долгометражни цртани филмови.rn
8. Обувки
rnПрво дете: Врвен квалитет со европски потпис, цената не е пресудна.rnrnВторо дете: Неименувани марки и обувки од постариот брат или постарата сестра.rn
9. Тетка која го чува
rnПрво дете: Драгата сосетка која ќе ја цените и сакате до крајот на животот. Онаа која го носела во парк на утринска и попладневна прошетка и заедно си играле.rnrnВторо дете: Никој. И онака родителите не излегуваат премногу често.rn
10. Фотографии
rnПрво дете: Фотографии од првиот заб, првиот оброк, првите чекори, првото излегување надвор.rnrnВторо дете: Какви било фотографии.