Кој вели дека роботите не можат да бидат креативни? Вештачката интелигенција повеќе не е само концепт од научно фантастичните филмови. Денес ова е технологија која може да се примени дури и во уметноста.rnrn
rnrnИстражувачите од компанијата NVIDIA објавиле портрети на луѓе генерирани со помош на вештачка интелигенција и најинтересното, а можеби и најморничавото нешто е што луѓето на фотографиите воопшто не постојат.rnrn
rnrn
rnrnОваа технологија прв пат била претставена во 2014-та година. Во тој период портретите не биле толку реалистични – биле со послаба резолуција и фотографиите биле црно-бели. Денес овие портрети се толку реалистични, што повеќето луѓе не можат да најдат разлика помеѓу нив и реалноста.rnrn
rnrnНаучниците што работат на технологијата ја искористиле нивната вештачка интелигенција за да ги копираат „стиловите“ на разни вистински лица. Потоа ги комбинирале оригиналите и создавале целосно нови луѓе. Биле потребни 8 недели за „тренирање“ на вештачката интелигенција со помош на многу моќни процесори.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnНо оваа револуционерна технологија не запира само на лица. Во 2014-та година, 75% од каталогот на ИКЕА содржел компјутерски генерирани фотографии.rnrn
rnrn
rnrnНо како и секој напредок со технологијата, и во овој случај може да има негативно влијание. Бидејќи вештачката интелигенција има способност да креира лица, покуќнина, автомобили и недвижнина, фотографите кои ги фотографираат овие нешта можеби ќе ја загубат нивната работа во овој нов дигитализиран свет.rnrnОд филмовите научивме дека вештачката интелигенција можеби ќе доведе до пропаст на човештвото. Па, сигурно ве интересира кои се најреалистичните закани од неа.
Морничави портрети на луѓе кои не постојат направени од вештачка интелигенција
