Наближувањето на 20-тите може да биде навистина стресен период, и тоа не само за тинејџерите, туку и за сите околу нив. Комичарот Вилијам Бетит споделил неколку бисери на мудроста кои ќе им се најдат на сите тинејџери што се близу до своите 20-ти години.rnrn
rn
1. Секој ден барајте можности што ќе ви го променат животот
rnАко си поставите цел, секој ден од вашите 20-ти да барате можност која ќе ви го промени животот, вие ќе бидете многу поуспешни кога ќе стигнете до 30-тите.rn
2 Станете неверојатни во нешто
rnБез разлика дали е програмирање, графички дизајн, пишување и слично, секој ден обидувајте се да станете навистина добри во нешто. Ова ќе ви даде вредност на крајот на вашите 20-ти, која пак многу ќе ви помогне во вашата кариера.rn
3. Ослободете се од телевизорот
rnНемојте да ги поминете вашите 20-ти гледајќи како живеат други луѓе.rn
4. Слушајте аудио книги додека пешачите
rnПретворете ја дневната прошетка во училница.rn
5. Останете сингл
rnСостанувајте се, имајте врски, но зачувајте ја вашата слобода. Сигурно ќе сакате да бидете способни да ги донесувате правилните одлуки во вашите 20-ти.rn
6. Направете мрежа
rnКога ќе создадете моќна мрежа ќе знаете кои луѓе ќе можат да ви помогнат да стигнете таму каде што сакате.rn
7. Разберете го ефектот на соединување
rnЕдна шолја кафе во Старбакс е 2,45 долари. Ако секој ден го пиете тоа, вие ќе потрошите 894,25 долари. А едно патување до Копенхаген чини 506 долари. Запомнете дека несвесните одлуки кои ги правите секој ден ве спречуваат да го живеете животот што го сакате.rn
8. Најдете/создадете „племе“ кое има слични гледања на животот
rnГрупа од луѓе со исто размислување ќе ви помогне да созреете и да останете фокусирани на вашата цел.rn
9. Отворете социјален профил
rnБез разлика дали ќе станува збор за блог, Твитер или слично, најдете место каде што ќе можете да ја понудите вашата вредност. Не знаете кои се придобивките од многуте следбеници на социјалните мрежи.rn
10. Покачувајте ги вашите стандарди
rnЖивотите на луѓето запираат бидејќи тие престануваат да ги покачуваат своите стандарди.rn
11. Вежбајте, облекувајте се убаво, хранете се здраво
rnДобриот изглед е како социјален пасош што може да ви отвори многу можности.rn
12. Одете на авантура
rnБарем еднаш во вашите 20-ти одете на патување кое е долго и тешко. Наместо да одите во хотел, спијте во хостел или на нечиј кауч. Колку е потешко патувањето, толку е поголем предизвикот.