Истражувањата имаат покажано дека марихуаната или екстрактите од неа имаат многу здравствени придобивки. Тие ја намалуваат болката, им помагаат на луѓето со напади и ги намалуваат симптомите на анксиозност. Но, ретко кој лек нема несакани ефекти.rnrn
rnrnНаучниците откриле бројни проблеми кои произлегуваат од претераната употреба на марихуана. Една од поконтроверзните последици од употребата на канабис е когнитивното оштетување. Едно истражување објавено во 2016-та година покажало дека честото и долгогодишно користење марихуана може да има лошо влијание на меморијата. Кога ќе се земе предвид колку адолесценти ширум светот користат марихуана, истражувачите упорно се обидуваат да откријат дали оваа практика влијае на нивниот перформанс на училиште или работа.rnrnРенди Шустер од психијатрискиот оддел во една болница во Масачусетс, собрал тим научници за да го истражува токму тоа. Неговото истражување ја потврдило хипотезата дека со канабисот се намалува капацитетот на меморијата. Добрите вести се што истражувањето покажало дека оштетувањето се поправа кратко по прекинување на употребата на канабис.rn
„Нашите откритија ни дадоа два цврсти докази. Првиот е дека адолесцентите учат полесно кога не користат канабис. Вториот доказ покажува дека оштетувањето поврзано со канабисот не е перманентно и се повлекува кратко по прекинување на употребата.“
rnЗа експериментот биле повикани 88 адолесценти од околината на Бостон кои биле на возраст од 16 до 25 години и користеле марихуана барем еднаш неделно. Половина од групата имала задача целосно да прекине со употребата на марихуана во период од 30 дена. Другата половина била замолена да не ги менува своите навики во врска со канабисот. Првата група била контролирана со тестови со цел резултатите да бидат точни.rnrnЗа да се тестираат вниманието и меморијата, испитаниците користеле често употребуван тест за когнитивен перформанс пред почетокот на истражувањето, една недела од почетокот и на крајот. По анализирањето на резултатите, истражувачите откриле дека луѓето кои апстинирале покажале значително подобрување во учењето и покажувале сè подобри резултати во текот на месецот. Оние кои продолжиле со употреба не покажале никакви подобрувања. И кај двете групи не била забележана промена во вниманието.rn
„Способноста да се учат или впиваат нови информации, која е клучна за успехот во училиште, беа подобри кај оние кои престанаа со употреба. Младите корисници на канабис кои редовно прават паузи, еднаш неделно или почесто, учат поефикасно и имаат поголеми шанси за академски успех. Можеме да кажеме дека апстинирањето од канабис им помага на младите во учењето, додека продолжената употреба може да пречи.“
rnСе очекуваат уште две слични истражувања во иднина. Едното ќе ја споредува когнитивната способност на луѓе (на возраст од 13 до 19) години кои апстинираат, со способноста на луѓе кои никогаш не користеле канабис. Второто истражување ќе следи млади луѓе кои на подолг период се откажале од марихуаната и производите од неа.rnrnДознајте и што всушност му прави марихуаната на мозокот.
